ВИЗАНТИСКА БАЛКАНСКА ТУРА
10 дена/9ноќи
Византиската Империја е една од империите кои трајно оставиле белег врз историјата на човештвото. Средбата на две различни култури Грчко-римската и Оренталната ја раѓа Византиската империја а од тој спој и Христијанството.
Со оваа тура ќе имате можност да ги видите најзначајните градови и културни достигнувања на Византија.
Ден 1: СКОПЈЕ
Пристигнување на Скопскиот аеродром, сметување во хотел. Вечера. Одмор и време за индивидуални активности. Ноќевање.
Ден 2: СКОПЈЕ-СОФИЈА
Појадок. По појадокот разглед на Скопје – црквата Св. Пантелејмон, Музејот Македонија, црквата Св. Спас. После разгледот на Скопје и неговите најзначајни споменици се поаѓа за Софија – главниот град на Бугарија. Сместување во хотел. Вечер. Ноќевање.
Ден 3: СОФИЈА - ПЛОВДИВ
Појадок. По појадокот разглед на Софија. Посета на црквата катедралната црква Александар Невски, Парламентот, Плоштадот... После разглдеот се поаѓа за Пловдив, еден од најубавите градови и втор град по големина во Бугарија. Пристигнување во попладневните часови, сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
Ден 4: ПЛОВДИВ
Појадок. По појадокот разглед на Пловдив: Стариот град, Етнографскиот музеј, античкиот театар, Еврејската населба. Враќање во хотел. Вечерта можност за фолклорна вечер. Ноќевање.
Ден 5: ПЛОВДИВ-ИСТАНБУЛ
Појадок. Се поаѓа за Истанбул. Пристугнвуање во попладневните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
Ден 6: ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот разглед на Истанбул: Топ Капи Музејот, Султановата Палата, Црквата Св. Софија, Султан Ахмедовата џамија, Базарот, Хиподромот.
Враќање во хотел. Вечета можност за организирана вечер со танчерки.
Ден 7: ИСТАНБУЛ-КАВАЛА
Појадок. По појадокот се поаѓа за Кавала, Грција. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
Ден 8: КАВАЛА - ОХРИД
Појадок. Разглед на Кавала. После разгледот се поаѓа кон Охрид. Сместување во хотел Вечера. Ноќевање.
Ден 9: ОХРИД
Појадок. Разглед на Охрид: црквата Св. Софија, црквата Богородица Перивлептос, Античкиот театар, Плаошник, Самоиловата тврдина. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
Ден 10: ОХРИД – АЕРОДРОМ ОХРИД
Појадок. По појадокот се поаѓа кон Охридскиот аеродром. Крај на програмата.
ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ