Андалузија со авион - ТРАНСФЕР вклучен до аеродром од Охрид
АНДАЛУЗИЈА се наоѓа на југот на Шпанија и со векови била крстопат на цивилизации. Уште од античко време тука живееле Иберите, потоа дошле Феникијците и Римјаните – од нив останале патишта, аквадукти и амфитеатри, но вистинскиот печат го оставил периодот на Ал-Андалус (711–1492), кога регионот бил под маварска власт. Тогаш Андалузија станала еден од најразвиените делови на Европа – центар на наука, филозофија, медицина, астрономија и уметност. Од тој период се бисерите како Алхамбра во Гранада, Мескита во Кордоба и Алказар во Севиља. Во 1492 година, со Реконкистата, регионот повторно преминал под христијанска власт. Интересно е што наместо да исчезне, маварското влијание останало длабоко вгнездено – во архитектурата, дворните градини, музиката, јазикот и секојдневниот живот. Андалузија е и лулка на фламенкото – музика и танц родени од мешавина на арапски, ромски и шпански култури. Тука се родени и силни традиции како коридата, фиестите и познатата андалузиска душа – страстна, топла и горда. Историски гледано, токму од андалузиските пристаништа (Севиља, Кадиз) тргнувале експедициите кон Новиот свет, што ѝ донело огромно богатство и влијание во 16 век. Денес, Андалузија е магична мешавина од : римски корени, исламска елеганција, христијанска традиција и медитеранска опуштеност, регион каде минатото не е во музеј – туку живее на улица, во каменот и во ритамот на животот. Андалузија е една од оние региони што буквално ја носат историјата во воздухот.
1 ДЕН (27.05.’26 – среда) БИТОЛА-ОХРИД – ТИРАНА - ТОРЕМОЛИНОС : Состанок на групата на Градска Автобуска Станица во 08:30 часот. Поаѓање за Албанија во 09:00 часот. Патот води преку Охрид, Струга, ГП Ќафасан, Елбасан...пристигање на аеродромот во Тирана околу 15:00 часот. Летот за Малага е во 17:25 часот со WIZZ AIR. Пристигање на аеродромот во Малага во 20:50 часот. По царинските и пасошките формалности – трансфер со јавен превоз (метро) до хотел. Ноќевање.
2 ДЕН (28.05.’26 – четврток) ТОРЕМОЛИНОС – РОНДА : Појадок. По појадокот – полудневен раглед (факултативно) на Ронда – еден од најстарите градови во Шпанија, со корени уште од Римско време, кога била познат како Arunda…по падот на Римското Царство, градот бил под власт на Визиготите, а потоа станал важен Маварски центар во 8.век. Во периодот на муслиманското владеење Ронда доживува културен и архитектонски процут. Во 1845 година градот бил освоен од католичките кралеви, со што започнува нова христијанска ера. Денес Ронда претставува еден од симболите на Андалузија - град на драматични пејсажи, историја и традиција...посета на PONTE NUEVO – легендарниот мост од 18.век кој го поврзува стариот со новиот дел на градот, над спектакуларната клисура El Tajo (најпознатата разгледница од градот), Plaza Del Toros de Ronda – една од најстарите и најубавите арени за борби со бикови во Шпанија, историската палата La Casa del Rey Moro, катедралата Inglesia de Santa Maria la Mayor (изградена врз поранешна џамија – совршен спој на готика и ренесанса...Ронда е место каде историјата и природата се спојуваат во една незаборавна приказна...слободно време – враќање во Торемолинос во касните попладневни часови. Ноќевање.
3 ДЕН (29.05.’26 – петок) ТОРЕМОЛИНОС – СЕВИЉА : Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет до Севиља...срцето на Андалузија – град на кралеви, освојувачи и вечни легенди. Во маварско време била еден од најважните градови на Ал-Андалус, а по откривањето на Америка станала главна порта кон Новиот свет. Симболите на градот се Катедралата во Севиља (најголемата готска катедрала во светот, вечно пребивалиште на Христофор Колумбо), кулата Хиралда (La Giralda), магичниот Реал Алкасар (Real Alcazar) Кралска палата и едно од најубавите места во Шпанија - Маварска архитектура, дворци со фонтани и градини што изгледаат како од бајка, Златната кула (Torre Del Oro) покрај реката Гвадалкивир – симбол на поморската моќ на Севиља...и на крајот – преку паркот Марија Луиза доаѓаме до ремек-делото на архитектот Ханибал Гонзалес - Плоштадот Шпанија (Plaza De Espana), едно од највпечатливите места во Шпанија...мостови, керамика, канали и кули, совршено место за фотографии и прошетка, место каде преку керамички мурали се претставени сите региони и провинции во Шпанија...Севиља е родното место на фламенкото (квартот Triana) и град каде страста се чувствува во секој чекор – во музиката, во дворовите со портокалови дрвја и во топлите андалузиски ноќи. Слободно време. Состанок на групата во договореното место и време. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН (30.05.’26 – сабота) ТОРЕМОЛИНОС – ГРАНАДА : Појадок. По појадокот – поаѓање за Гранада (факултативен излет) град на поезијата, тагата и убавината. Тој бил последното маварско кралство во Шпанија и симбол на крајот на Ал-Андалус. Над градот гордо стои Алхамбра – ремек-дело на исламската архитектура и еден од најубавите дворци во светот. Гранада носи посебна атмосфера: тесни улички, маварски квартови како Албаисин, поглед кон снежните врвови на Сиера Невада додека спојот на ориентална мистичност и шпанска душа најубаво ќе го почувствувате во Алкајсерија (Alcaiceria) стара Арапска чаршија, шарена и полна со арапски дух...Ова е град што не се објаснува – се доживува. Слободно време. Состанок на групата во договореното место и време. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН (31.05.’26 – недела) ТОРЕМОЛИНОС – МАЛАГА-ОХРИД : Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Багажот се остава во одредена просторија...факултативен разглед со стручен водич на Малага...еден од најстарите градови во Европа, основан од Феникијците околу 770 г. п.н.е. Низ вековите поминал под римска и маварска власт, а денес е совршен спој на историја и Медитеран. Над градот се издигнува Алказаба, маварска тврдина со поглед кон морето, а веднаш до неа се остатоците од римскиот театар – симбол на слоевитата историја. Малага е родниот град на Пабло Пикасо, што ѝ дава уметничка тежина и модерен дух. Денес е жива, сончева и опуштена – град каде историјата оди босa по плажа…прошетка низ стариот град, тврдината Алказаба и Римскиот театар, La Manquita – ренесансно барокна катедрала позната по тоа што има само една завршена кула, куќата каде е роден Пикасо – интимно и интересно место за љубителите на уметноста, паркот во Малага – зелена оаза помеѓу центарот и пристаништето, покриениот пазар – место каде можете да најдете уникатни специјалитети и производи од овој регион...Ви препорачуваме да пробате espetos de sardinas (сардини на жар)...по слободното време - состанок на групата на претходно договореното место во 17:00 часот и враќање во Торемолинос. Поаѓање за аеродромот во 18:30 часот. Летот за Тирана е во 21:35 часот со WIZZ AIR. Пристигнување во Тирана во 00:50 часот – наредниот ден. Патот продолжува кон Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – FIRST MINUTE : 40.240,00 ден. (649 €) – за УПЛАТА до 01.04.2026 !
45.200,00 (729 €) – редовна цена на аранжманот
ДОПЛАТА за 1/1 соба : 8.680,00 ден. (140 €)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 50 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- Трансфер на релација Македонија – Тирана аеродром - Македонија
- Авионски билет (со рачен багаж во цената), на релација Тирана – Малага – Тирана;
- Трансфер Малага аеродром – хотел и обратно (со метро);
- 4 НП во хотел со 4* (хтл.PHOENIX; https://www.thepalmexperiencehotels.com/hotel-fenix-torremolinos );
- организација, придружба и реализација на аранжманот;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
- влезниците при посета на културно-историските споменици (освен таму каде што е наведено);
- разглед на РОНДА (трансфер + локален водич) : 55 € - по лице
- Разглед на МАЛАГА (трансфер + локален водич) : 30 € - по лице (влезница за катедралата во Малага на лице место – 10 € по лице);
- Разглед на СЕВИЉА (трансфер+локален водич) : 90 € - по лице (влезница за катедралата во Севиља на лице место – 15 € по лице;
- Разглед на ГРАНАДА (трансфер+локален водич) : 75 € - по лице;
- Влезница за AlHambra (Гранада) : 35 € по лице – ОБАВЕЗНА УПЛАТА во агенција, при резервација на аранжманот !;
- патничкото осигурување - 500,00 ден. по лице;
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 15 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
ОПИС на ОБЈЕКТИТЕ кои подлежат на влезници :
МАЛАГА : Катедрала “La Manquita” – или “Catedral Basilica de la Incarnacion”, Катедралата е изградена на местото каде порано се наоѓала главната џамија на Малага — од таа џамија денес опстојува само малата Patio de los Naranjos (дворот со портокали). Градежните работи почнале во 1528 година под покровителство на католичките монарси и продолжувале континуирано со мали прекини скоро 250 години. Првичниот план бил да се изгради голема готска катедрала, но за време на изградбата стилот се менувал со текот на времето — од готски, преку ренесансен, до барокен и детали од подоцнежни епохи. Зошто се вика „La Manquita“? Катедралата е народно позната како „La Manquita“ — ’Еднорака дама’ — затоа што од двете кули предвидени во оригиналниот план, само една (северната) е завршена. Јужната кула никогаш не била изградена до крај. Овој недовршен изглед ѝ дал уникатен и симболичен лик — како архитектонска „нецелосност“, која станала дел од идентитетот на градот. Внатрешноста има импресивни куполи, високи нави и изработен хор со дрвени седишта од 17-от век, а исто така богата колекција уметнички дела. Денес катедралата е активно место на богослужби, важна историска и туристичка дестинација во центарот на Малага.
СЕВИЉА : Catedral de Santa María de la Sede, една од највеличествените во светот! Катедралата во Севиља е изградена на местото на поранешната голема маварска џамија, подигната во 12 век за време на династијата Алмохади. По христијанското освојување на Севиља во 1248 година (од кралот Фернандо III), џамијата првично била адаптирана за христијанска богослужба. Со текот на времето, градот станал еден од најбогатите и најмоќните во Шпанија, па градските и црковните власти донеле амбициозна одлука: „Да изградиме црква толку голема, што идните генерации ќе мислат дека сме биле луди.“ Изградбата започнала во 1401 година, а траела повеќе од еден век и била завршена околу 1506 година. Резултатот е најголемата готска катедрала во светот и една од најголемите христијански цркви воопшто. Од поранешната џамија се зачувани два клучни елементи: La Giralda – камбанаријата на катедралата, која првично била минаре Patio de los Naranjos – двор со портокалови дрвја, типичен за исламската архитектура Ова ѝ дава на катедралата уникатна мешавина од исламска и христијанска традиција. Катедралата е претежно готска, со подоцнежни ренесансни и барокни додатоци. Внатре се наоѓа најголемиот дрвен олтар (Retablo Mayor) во светот, изработуван повеќе од 40 години. Богата е со капели, скулптури, витражи и уметнички дела од шпански мајстори. Една од најпознатите атракции е гробот на Кристофер Колумбо, чии остатоци (делумно) се чуваат токму во катедралата — симбол на улогата на Севиља како центар на шпанската империја и Новиот свет. Катедралата е дел од светското наследство на УНЕСКО, таа е духовно, историско и туристичко срце на Севиља. Заедно со Алкасар и Архивот на Индиите, претставува симбол на златниот век на Шпанија.
ГРАНАДА : ALHAMBRA - името Алхамбра доаѓа од арапскиот израз Al-Ḥamrā’ – „Црвената тврдина“, поради црвенкастата боја на ѕидовите изградени од глина и камен. Таа се издига над Гранада, на ридот Сабика, со поглед кон целата долина. Алхамбра започнува како мала тврдина во 9 век, но својот вистински сјај го добива во 13 и 14 век, за време на Насридската династија – последната муслиманска династија во Шпанија. Основач на комплексот е Мухамед I ибн ал-Ахмар, првиот насридски емир, Алхамбра станува кралска палата, воена тврдина и административен центар. Таа била срцето на Емиратот Гранада, последната муслиманска држава на Пиринејскиот Полуостров, Алхамбра е врв на исламската архитектура во Европа : богати арабески, калиграфија со стихови од Куранот, геометриски мотиви, дворови со вода, фонтани и градини... Најпознати делови се : Палатите на Насридите, Дворот на лавовите (Patio de los Leones) – симбол на рајот на земјата, Дворот на миртите (Patio de los Arrayanes), Водата има централна улога – симбол на живот, чистота и хармонија. Во 1492 година, Гранада паѓа под власт на Католичките кралеви – Фердинанд и Изабела, со што завршува Реконкистата. Алхамбра преминува во христијански раце, но за разлика од многу други исламски градби, таа не била уништена, туку зачувана и прилагодена. Во 16 век, Карло V наредува изградба на ренесансна палата во рамките на комплексот. Со векови Алхамбра била запоставена, оштетувана од земјотреси и војни...Во 19 век повторно е „откриена“ од уметници, патописци и романтичари, а денес е една од најпосетуваните знаменитости во Шпанија и е под заштита на УНЕСКО. Замокот претставува симбол на соживотот на културите – исламска, христијанска и еврејска, Алхамбра не е само палата — таа е поезија во камен, сведоштво за едно изгубено, но незаборавно време.