mksqhrendeelrusr

Скадар со превоз од Охрид
5.0/5 rating 1 vote

 

ПОСЕТА НА СКАДАР И КРУЈА

(едно нoќевање)

 

1 ДЕН(16.05.2026): ОХРИД – ЕЛБАСАН – КРУЈА – СКАДАР

Поаѓање од Охрид од договорено место. Патот води преку Струга и граничен премин Ќафасан. Во Елбасан кратка пауза за кафе.

Патот продолжува накај КРУЈА– град во централна Албанија,кој претставува главен средновековен центар на државата.Воедно,овој град се смета за еден од најпознатите и најпосетени туристички дестинации и знаменитости на Албанија.Калдрмите на ова место водат до стариот базар,каде можат да се најдат многу автентични традиционални сувенири.Наследството на отоманската култура во Албанија и до ден денес успеа да го зачува духот,изгледот и целта што ја имал пред неколку години.Слободно време за индивидуални активности и пауза за ручек.

Во попладневните часови патот продолжува за СКАДАР – еден од најстарите и најзначајни градови во Албанија,богат со историско и културно наследство.Според едни,денешниот назив на градот Shkodra (Шкодра),споменуван и во верзиите Scutari или Skutari доаѓа од латинскиот збор scutarii што во буквален превод значи-заштитници,а тоа се однесува на римската легија која ја основал Царот Константин Велики.Додека пак,според други,денешниот назив Shkodra потекнува од Shkodrin (shko-оди;drin-Дрим)објаснувајќи го со тоа фактот што низ Скадар тече т.е.оди реката Дрим.Сместување во хотел.Можност за организирана факултативна вечера со локални специјалитети.Ноќевање.

2 ДЕН(17.05.2026) СКАДАР– ДРАЧ  – ОХРИД

Појадок. Потоа одиме со разглед на Скадар-Замокот Розафа,кој може да се пофали со запрепастувачки погледи на околниот пејзаж и приказната за неговото легендарно потекло.Посета на националниот музеј на фотографија Маруби кој нуди фасцинантен поглед во албанското минато,додека пешачките улици во центарот на градот се совршени за истражување на кафулиња и продавници.Слободно време за индивидуални активности.

 Потоа се заминува за Драч-најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон средоземјето,што го прави најзначаен град во Албанија чии зачетоци се уште од антиката.Уживање во медитеранската клима на градот,прошетка и разглед на центарот и време за слободни активности и ручек.Патот продолжува за Охрид каде што завршува патувањето.Пристигнување во Охрид во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4490 мкд.

 

Вклучено во цената:

  • Автобуски превоз на наведена релација,
  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Скадар во хотел со 3*,
  • Разглед на Скадар, Драч и Круа
  • Организација, водство и реализација на аранжманот.

Не е вклучено во цената:

           Индивидуални трошоци,

  • Факултативна вечера.
23

Leave a comment

You are commenting as guest.