mksqhrendeelrusr

КРИТ за 24 мај
0.0/5 rating (0 votes)

1 ден 23.05.2024 ОХРИД - БИТОЛА - ПИРЕА
 
Поаѓање во 04.00 часот од Охрид. После граничните формалности продолжуваме кон пристаништето Пиреа со попатни паузи. Пристигнување во попладневните часови. Слободно време за прошетка низ пристаништето. Вечерта со брод поаѓаме за КРИТ. Ноќна пловидба.....
 
2 ден 24.05.2024 ИРАКЛИОН - РЕТИМНО
 
Пристигнување на КРИТ во утринските часови. Разглед на ИРАКЛИОН главниот град на островот и Палата во Кносос - една од главните центри на Минојската цивилизација, која овде се развивала во 2 милениуми п.н.е. После тоа се упатуваме према Ретимно - прекрасен град на островот кој е сместен на северниот брег од Егејското море.
Сместување во хотел. Слобободно време за разглед на стариот град кој што е лоциран во средината на модерниот дел и претставува мешавина на Венецијанската и Критската култура. Тесните улички и малото Венецијански пристаниште се најубавото место за шетање, шопинг, и уживање во малите таверни опкружени со неверојатно убавата архитектура на Ретимно . Ноќевање
 
3 ден 25.05.2024 РЕТИМНО - ХАЊА - РЕТИМНО
 
Појадок. После појадокот се упатуваме према живописната Хања - пристанишен град и втор град по големина на островот Крит. Првата цивилизација на денешната Хања била критската. Хања го краси преубавиот стар град каде што ќе се сретнете со Венецијанска и Турска историја, различни видови на архитектура каде улиците наликуваат на лавиринт испрекинати со интересни куќи, таверни, сувенирници и гифт- шопови. Исто така ќе се посети Венецијанското пристаниште кое е градено преку 300 год. и светилникот од 17-от век. 
Слободно време за индивидуален разглед и уживање во убавата глетка на градот. Во попладневните часови се враќаме во Ретимно. 
Ноќевање
 
4 ден 26.05.2024 РЕТИМНО - СВ. НИКОЛА -ИРАКЛИО - ПИРЕА
 
Појадок. После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатува е према градот Св. Никола кој е седиште на округот Ласити. Градот има таканаречено езеро - затворен залив во средината на градот кое му дава посебност и голема привлечност на самиот град. Постои можност за факултативна посета на Спиналонга - некогаш било полуостров, а Млечаните од него направиле острово. Во 20 век овај остров бил колонија за лепеозните и е познат како град на духовите. Постои долг тунел познат како Дантеовата врата - бидејќи лепеозните не знаеле што ќе се случува со нив , а враќање назад небило можно. После разгледот се враќаме во Св. Никола каде што ќе имамe слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови се собира групата и поаѓаме за Ираклион од каде што со брод поаѓаме за Пиреа. Ноќна пловидба...
 
 5 ден 27.05.2024 ПИРЕА - МАКЕДОНИЈА
 
Пристигнување во Пиреа во утринските сати. Поаѓање за МК со попатни паузи. Пристигнување во Битола во попладневните сати. Крај на програмата
 
ЦЕНА: 265 еур
 
 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
 
  • Патување со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Ретимно
  • Користење на wifi за цело време на патувањето
  • Брод на релација: ПИРЕА - КРИТ - ПИРЕА
  • Разглед на градовите : Ираклион, Ретимно, Хања, Св. Никола
 
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
 
  • Влезница за палатата Кносос
  • Факултативна посета на островчето Спиналонга - ??? карта за бротчето
  • Туристичка такса која се плаќа во хотелот при оставање на клучот од собата
 
НАПОМЕНА
Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
228

Leave a comment

You are commenting as guest.