Крф ( трансфер од Охрид )
11-ти ОКТОМВРИ КРФ
1 ден: 09.10.2025 МАКЕДОНИЈА - ИГУМЕНИЦА – КРФ
Поаѓање во вечерните часови према граничен премин Меџитлија. По граничните формалности, продолжување за Игуменица со попатни одмори. Ноќно патување.
2 ден: 10.10.2025 ИГУМЕНИЦА – КРФ
Пристигнување Игуменица во раните утринските часови. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во предпладневните часови. Сместување во студија и апартмани. Слободно време за плажа, капење и индивидуални активности. Во доцните попладнвни часови се предвидува факултативна посета на брдото Канони со прекрасен поглед кон Црквата на Богородица Влахерна од каде каде што можеме да го следиме полетувањето и слетувањето на авионите. Можност за уживање во кафе, храна, слатки...После тоа сe враќаме во апартманите. Ноќевање
3 ден: 11.10.2025 КРФ - ПАЛЕОКАСТРИЦА
Ден предвиден за факултативна екскурзија до градот Крф каде што ќе ја посетиме Црквата посветена на Св. Спиридон заштитникот на островот, прошетка низ тесните улички преполни со кафетерии, сувенирници, бутици... Продолжуваме со попатна посета на фабриката Мавроматис за производство на ликери, слатки работи и сл. од овошјето кумкуат - плод кој што успева само на островот Крф. Продолжуваме кон Палеокастрица, живописно место со преубава плажа на северниот дел од островот. Слободно време за одмор на плажа, посета на Аквариумот, возење со брод до блиските пештери како едно ново прекрасно искуство или да ручате во некое од прекрасните рибни ресторанчиња покрај море или да се посети Црквата посветена на Пресвета Богородица. Во договореното време се враќаме во апартманите Ноќевање
4 ден: 12.10.2025 КРФ - ЈАНИНА – МАКЕДОНИЈА
Се одјавуваме од апартманите и во претпладневните часови поѓање со брод за Игуменица,а потоа продолжување со автобус за Македонија, со попатни одмори и посета на градот Јанина. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 105 еур ( 6.510 ден)
Цената вклучува:
- Превоз со туристички автобус по наведената програма
- Превоз со брод на релација: Игуменица - Крф - Игуменица
- 2 ноќевања во студија и апартмани
- Посета на Јанина
- Организација, подготовка и водство на аранжманот
Цената не вклучува:
-Туристичка такса – 4 еур
- Целодневна екскурзија: Градот Крф, Палеокастрица, фабриката за кумкуат- МАВРОМАТИС,– 15еур
-Посета на Брдото Канони –10 еур
- Доплата за еднокреветна соба - 60 еур
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Ако бројот на патници е помал од предвидениот, патниците ќе бидат известени за промена на типот на превозното средство или евентуално промена на цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на орган
1