Истанбул од Охрид
ИСТАНБУЛ ЗА 23ти ОКТОМВРИ
1 ден 22.10.2025 МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА
Поаѓање во попладневните часови во договрено време . Ноќно возење преку Грција , гранични формалности и попатни паузи...
2 ден - 23.10.2025 ИСТАНБУЛ - БАЛАТ И ПАТРИЈАРШИЈА - КАПАЛИ ЧАРШИЈА - ХИПОДРОМ - СВ. СОФИЈА - СИНА ЏАМИЈА
Планирано е пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Започнуваме со разглед на Истанбул: со локален водич започнуваме со посета на областа Балат, позната по своите шарени куќи и тесни улички, со прекрсни стилски мали кафетерии. Тука се наоѓа и Вселенската Патријаршија, значаен симбол на христијанството и Железната Црква, која е донација и изградена од македонски мајстори. Потоа одиме кон хотелот да го оставиме багажот и ако се спремни собите да се сместиме (регуларно check in е после 14 часот) . По кратка пауза, со локалниот водич продолжуваме кон најпознатиот затворен пазар Капали Чаршија. Слободно време за индивидуален разглед. Продолжуваме на посета на Хиподромот, Света Софија (само однадвор) и Сината Џамија. Слободно време за кафе, вечера, разглед...
Во вечерните часови се враќаме во хотелот.
Ноќевање.
3 ден 24.10.2025 КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР - ЕГИПЕТСКИ ПАЗАР - ПЈЕР ЛОТИ - ОРТАКОЈ
Појадок. По појадокот со локален водич се упатуваме на незаборавно Крстарење по Босфор - да доживееме еден поинаков Истанбул со целиот негов раскош виден од вода. Продолжуваме кон познатиот Египетски пазар - Мисир чаршија, за да може да ги видите и вкусите сите бои и мириси на истокот и западот. Можност за шопинг, да се испие најубавото турско кафе или да се ужива во познати турски специјалитети: ќунефе , катмар, турски чај или да пробате од познатиот превкусен ˮ Турски МекДоналдсˮ сендвич со свежа печена риба во лепче... Потоа продолжуваме кон видиковецот Пјер Лоти каде ќе ја слушните љубовната приказна за една неостварена љубов. Пристигнуваме со жичара. Тука го има највкусното кафе припремено на жар со прекрасен поглед кон Златниот рог - Халич - почетокот и крајот на Босфорот , ѓозлеме, традиционални турски чајџилници, лимонада ... Потоа се упатуваме кон познатата област Ортакој која се наоѓа под првиот висечки мост. Позната е по вкусниот полнет компир, слатки вафли, кафетерии и сувенирници... Слободно време да уживате и да направите прекрасни фотографии.
Организирано се враќаме во хотел.
Ноќевање.
4 ден 25.10.2025 ИСТАНБУЛ - ПРИНЦЕВИ ОСТРОВИ - КАДИКОЈ
Појадок. По појадокот се упатуваме на излет со брод по Мраморното Море до Принцевите Острови, прекрасно доживување на местото каде живеат и одмараат богатите жители на Истанбул. Најголемиот остров Бујук Ада изобилува со зеленило, еколошки остров без моторни возила, има прекрасни плажи и прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Низ островот движењето е со еко автобуси. Изобилува со прекрасни кафетерии, слаткарници и ресторани... Слободно време. Се враќаме во Истанбул во договореното време и продолжуваме кон Азискиот дел каде ќе ја посетиме најстарата населена област Кадикој - позната по малите тесни улички полни со продавници, ресторани, кафетерии. Ќе го видиме и Бикот кој што е симбол на оваа област, бил изработен во Англија и донесен и поставен во 1860 година во чест на 31-виот Султан Абдул Меџит кој што ја изградил Палатата Долма Бахче. Слободно време за индивидуален разглед.
Враќање во хотел во договорено време.
Ноќевање.
5 ден 26.10.2025 ИСТАНБУЛ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот се одјавуваме и се упатуваме кон позната продавница за турски слатки специјалитети: баклави, локуми, овошни и чоколадни бонбони, сувенири, чаеви, разни креми за разубавување и креми за болки по поволни цени.
Потоа се упатуваме кон познатиот Трговски Центар ФОРУМ ИСТАНБУЛ. Во непосредна близина се и продавниците Декатлон и Икеа. Попладне се упатуваме кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Македонија рано наутро следниот ден.
ПРОМО ЦЕНА: 139 еур ( со уплата до 05.10.)
РЕДОВНА ЦЕНА: 149 еур
Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација
- Сместување во хотел во Лалели, 3 ноќевања со појадок
- Локален туристички водич за време на сите разгледи
- Туристички пратител за време на патувањето
- Организација и водство на аранжманот
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса - 5 еур
- Задолжителна факултатива - Балат, Патријаршија , Капали Чаршија, Св. Софија и Сина Џамија ( првиот ден) - 20 еур
- Принцеви острови и Кадикој - 35 еур
- Крстарење по Босфор - 20 еур
- Пјер Лоти, Мисир Чаршија и Ортакој - 15 еур
- Доплата за повратен трансфер од Струга, Охрид и Ресен 5 еур
Вкупна факултатива: 70 еур
НАПОМЕНИ:
-Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Ако бројот на патници е помал од предвидениот, патниците ќе бидат известени за промена на типот на превозното средство или евентуално промена на цената.
– Факултативните излети може да претрпат промена во редоследот на изведувањето или промена на деновите во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже.
- За изведување на факултативните излети е потребен е определен минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената на екскурзијата, или во краен случај да ја откажи.
- Доплата за еднокреветна соба 60 еур.
- Агенцијата не одговара за исправноста на документите на патниците
- Важност на патните исправи најмалку уште 6 месеци од денот на враќање
5