Пирин Голф Спа 5* - Банско ( со поаѓање од Охрид )
Б А Н С К О
(хотел "Пирин Голф&Спа"5*)
23/10-26/10
4 Дена/3 Ноќевања
23 октомври (четврток) ОХРИД-БИТОЛА-ПРИЛЕП- САНДАНСКИ -БАНСКО
Состанок на групата во 03.30 часот пред бензиска пумпа Лул Оил . Патот води преку Битола,Прилеп кон Банско со попатни застанувања поради одмор и царински формалности. Попатна посета на градот Сандански. Сандански или Св.Врач е град во југозападниот дел на Бугарија. Градот се наоѓа во долината на реката Струма и е познат по своите топли гео-термални извори. Време за прошетка и шопинг. Продолжуваме кон хотел Пирин Голф Спа 5 *. Сместување. Можност за релаксација во најголемиот Спа центар во Банско и пошироко, бесплатно користење на внатрешен базен, користење на надворешните базени, сауни, парни бањи, фитнес, лакониум, соба за релакс ... расположен на 5500 квадратни метри.
Вечера.Ноќевање.
24 октомври (петок) БАНСКО
Појадок. Можност за организирана посета на атрактивното скијачко место Банско – со специфична традицонална архитектура и многу меани и дуќани за сувенири. Слободно време за одмор, користење на СПА центарот, индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
25 октомври (сабота) БАНСКО
Појадок. Слободно време за релакс и уживање во спа центарот и комплексот. Вечера.
26 октомври (недела)
Појадок. Одјавување од хотел, попатна посета на Метро Благоевград. Пристигнување во Охрид во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 195 евра по лице за 3 полупансиони ( појадок и вечера ) ВО СПА СТУДИЈА ВО ХОТЕЛСКАТА ЗГРАДА
130 евра по лице за 3 полупансиони ( појадок и вечера ) ВО СТУДИЈА НАДВОР ОД ХОТЕЛСКАТА ЗГРАДА
130 евра по лице за 2 полупансиони (појадок и вечера) ВО СПА СТУДИЈА ВО ХОТЕЛСКАТА ЗГРАДА
90 евра по лице за 3 полупансиони ( појадок и вечера ) ВО СТУДИЈА НАДВОР ОД ХОТЕЛСКАТА ЗГРАДА
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- сместување во хотелот спа студија
- www.piringolfhotel.com на база 2 ноќевања со појадок и вечера - шведска маса, користење на внатрешен, надворешни базени со топла вода, фитнес, џaкузи, сауни, парни бањи, лакониум, соба за релаксирање......
- разглед на Банско,Сандански, Метро, Разлог
ВО ЦЕНАТА НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
- патничко и здравствено осигурување
- превоз доплата од Охрид 50 евра