mksqhrendeelrusr

Врњачка Бања
4.0/5 rating (4 votes)

Во Врњачка Бања има седум минерални извори. Тоа се: Топла вода, Слатина, Снежник, Езеро, Борјак, Бел извор и Врњачко врело, од кои четири се користат за терапии (Топла вода, Снежник, Езеро и Слатина), додека водите од три извори се флашираат како природни минерални води (Врњци – Борјак, Борјак 3 и Белимарковац за Елемент вода).

1 ден 06.12.2024 Состанок на групата на бензиска пумпа Лукоил во 21:00ч. Трансфер до Битола. Поаѓање за Србија во 23 45 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 07.12.2024 Пристигнување во Врњачка Бања во раните утрински часови . Следува пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот сместување во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.  

3 ден 08.12.2024 Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА содржините во цената. Ноќевање.

4 ден 09.12.2024 Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на манастирот Жича и тврдината Маглич. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Македонија во вечерните часови.
 

Промо цена: 135 евра ( за резервации до 15.11.2024 и уплата на аванс од 1000 мкд)
Редовна цена: 165 евра



Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел Цептер 4* , 2 ноќевања со поjaдок
  • Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
  • Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.


Во цената не е вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
  • Доплата за туристичка такса 3 евра за 2 ноќи
  • Факултативна посета на манастирот Жица и тврдината Маглич  25€
  • Доплата за еднокреветна соба 30 евра ден на цената на аранжманот

Напомени:

  • Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • За деца од 3 - 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 - 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжмано
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина, авансот е нерефундабилен.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
662

Leave a comment

You are commenting as guest.