Врњачка Бања со превоз од Охрид
ВРЊАЧКА БАЊА
20-23/ноември
Врњачка Бања – кралицата на бањскиот туризам во Србија! Најпознатата и најпосетуваната бања веќе децении е симбол на здравје, рекреација и уживање.
Со модерни велнес погодности и врвна СПА услуга во хотелот „ZEPTER“, koj нуди совршен спој на традиција и современост.
Урбаните прошетки низ живописните улици и паркови ѝ даваат дополнителен шарм, правејќи ја идеален избор за релаксирачки викенд и незаборавно патување na 20ноември.
Програма на патување:
Прв ден 20.11.2025 ОХРИД - ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот кај Лук Оил наспроти нивиот Мол нова автобуска, рано наутро во 02.45 часот. Поаѓање за Србија во 03.00 часот. Патот води преку Кичево, Скопје, граничен премин Табановце, со попатни паузи, обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел ZEPTER 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
Втор ден 21.11.2025 ВРЊАЧКА БАЊА – ЉУБОШТИНА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Љубоштиња. Изграден во крајот на XIV век и почетокот на XV век. Одалечен е од Врњачка Бања околу 16 километри, така што претставува одлична атракција за посета во овој дел. Интересно за овој Манастир е тоа што тука се наоѓаат моштите на кнегиња Милица, како и тука е погребана и српската средновековна поетеса Јефимија, воедно и монахиња. Овој Манастир е прв женски Манастир во Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
Трет ден 22.11.2025 ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и релаксација во Спа центарот.
Можност за заедничка вечера со музика.
Ноќевање.
Четврти ден 23.112025 ВРЊАЧКА БАЊА – ОХРИД
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Охрид во пладневните часови.
Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Охрид во доцните вечерни часови.
Цена:13.200мкд
Во цената е вклучено:
-превоз со високотуристички автобус од Охрид
-3нокевања со појадок во хотел 4*
-Организирана прошетка и разгед на Врњачка бања
-Секојдневно користење на Велнес и Спа центарот
-WI-FI internet
-Организација, реализација и придружник на групата
Во цената не е вклучено:
-патничко осигурување
- можност за доплата за полупансион 15еур
-факултативна посета на манастир Љубоштиња 5еур
-можност за заедничка свечена вечера со музика 25еур
КРАЕН РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 08.11.2025
-
Т.А Ле Ти Турс Караџа 2007 | Ул. Никола Тесла 18 Битола | www.karadzatours.com075/342-757 | 076/202-885 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно,крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 денапред датумот на поаѓање. За деца од 3 - 12 години се плаќа 80 % од сумата на аранжманот кога станува збор задвајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од3 - 12 години, за детето се плаќа цела сума. Доплата за еднокреветна соба 50 евра Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина,авансот е нерефундабилен. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поединисодржини во програмата Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош. Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за неговареализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе сереализира во согласност со општите услови за патување.
131