Призрен - Грачаница - Урошевац со превоз од Охрид
ПРИЗРЕН
15-16/11/2025
Призрен – град во подножјето на Шар Планина, во областа Метохија. Призрен прв пат се спомнува во 1019 година како Приздријана , со цар Василиј II. Најзначаен и највреден старо-градски дел во Метохија и Косово. Препознатлив по реката Призренска Бистрица која го дели градот на два дела, каде што се и многуте кафулиња и ресторани со голем избор на традиционална храна.
Програма: 2 дена, 1 ноќевање
ДЕН 1:15/11/2025 ОХРИД – ПРИЗРЕН
Состанок на групата на бензиска пумпа Лукоил во 03:45, поаѓање за Призрен 04:00. Се патува преку граничен премин Блаце со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Призрен во претпладневните часови, сместување во хотел. Попладнето разглед на Призрен со локален туристички водич и посета на: црквата Пресвета Богородица, тврдината Призрен, џамијата Синан – паша, богата со арабеска и боја, Амамот, и други знаменитости.
Слободно време за одмор и прошетка по чаршијата, каде што можат да се посетат многубројните дуќани, кафетерии и слаткарници. Вечерта вечера во ресторан (факултативно). Ноќевање.
ДЕН 2:16/11/2025 ПРИЗРЕН -ГРАЧАНИЦА- ОХРИД
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за прошетка и поаѓање за големиот трговски центар – АБИ. Слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Посета на Манастирот Грачаница. Се наоѓа на околу 10 км пред Приштина. Манастирот е изграден во 1321 година од страна на српскиот крал Милутин. Според народното верување кралот Милутин заспал пред битката на реката, а на сон му се појавил Ангелот Божји кој му кажал дека ќе ја добие битката, а како еден знак на благодарност треба да изгради црква според облик кој ке му се прикаже. Како што се разбудил кралот на небото здогледал облак кој имал облик на црква. Затоа што ја добил битката како што му било кажано во сонот тој ги повикал најдобрите мајстори кои ја започнале изградбата.
Поаѓање за Македонија со попатни паузи, со можна посета на Урошевац и царински формалности. Пристигнување во Охрид во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 4800 мкд
Во цената е вклучено:
- Превоз на дадена релација;
- 1 ноќевање со појадок во хотел во центарот на Призрен;
- Разлед на градот со локален туристички водич;
- Влезници;
- Организација и водство на аранжманот.
Во цената не е вклучено:
- Факултативна вечера;
- Патничко и здравствено осигурување;
- Индивидуални трошоци.