mksqhrendeelrusr

Царска Русија
3.5/5 rating (2 votes)


МОСКВА & САНКТ ПЕТЕРБУРГ
10.04.2026 – 17.04.2026 | 7 ноќи – 8 дена | лет од Скопје


Авионска програма ✈
Авионски лет: Turkish Airlines (Скопје – Истанбул – Москва | Ст Петербург – Истанбул – Скопје)
Поаѓање: 10.04.2026 во 06:45ч. (Скопје)
Пристигнување: 10.04.2026 во 17:55ч (Москва)
Сместување: 3BB во хотел со 4* во Москва | 4BB во хотел со 4* во Санкт Петербург
Услуга: 7 ноќевања со појадок
Друго вклучено: Багаж + трансфери + панорамски разгледи на 2та града + претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 17.04.2026 во 19:30ч.
ЦАРСКА РУСИЈА
Моќна, мистична и бескрајна
Земја која ги спојува историјата, културата и духовноста во едно неповторливо доживување. Од царските
палати и златните куполи, до величествените реки и раскошните музеи – секој агол открива ново лице на
оваа огромна земја. Велигден е особено убаво време да се почувствува рускиот дух – кога православните
храмови блескаат во светлина, а градовите живеат во празничен ритам.
Москва – со својата строга величенственост и динамичност; и Санкт Петербург – со својата елеганција,
романтика и уметничка душа, ќе ве поведат на патување низ царската историјата, уметноста и верата.
Патување што се памети цел живот.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден: 10.04.2026 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МОСКВА
Состанок на групата два часа пред поаѓањето, на аеродромот ТАВ Скопје, во 06:45 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines
за Истанбул во 08:45 часот (TK1004). Пристигнување во 11:20 часот и продолжување кон Москва со лет TK415 во 14:00 часот.
Слетување на аеродромот во Москва во 17:55 часот по локално време.
По завршување на пасошките и царински формалности, трансфер до хотелот и сместување. Првата вечер во руската престолнина
ќе ви овозможи да го почувствувате пулсот на градот што никогаш не мирува – Москва, метропола која ги спојува царската историја
и модерниот дух. Ноќевање.


2 ден: 11.04.2026 МОСКВА – Град на Империјата (Бородинска Битка, Московско метро)
Појадок во хотелот. Денот започнува со автобуско панорамско разгледување на Москва – срцето на руската држава и култура.
Ќе го видиме монументалниот Црвен Плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј Блажени, познатиот Бољшој театар, Храмот на Исус
Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, како и универзитетот „Ломоносов“ и величествениот Парк на победата.
Слободното попладне е можност за дополнително откривање на градот или предлагаме факултативна посета на музејот
Бородинската битка, посветен на славната војна со Наполеон од 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамата – огромно
сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на
Бородинското поле Вечерта – факултативна прошетка низ магичното московско метро, вистински подземен музеј украсен со
мермерни столбови, скулптури, мозаици и портрети на националните херои и важни моменти од руската историја. Ноќевање.


3 ден: 12.04.2026 МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва)
Појадок. За љубителите на духовната и историската Русија, предлагаме факултативна екскурзија до Сергиев Посад (поранешен
Загорск, 70км од Москва) – голем манастирски комплекс кој своевремено бил резиденција на рускиот патријарх а денес претставува
еден од најстарите и најсветите места во земјата и центар на православието. Разглед на Тројствената лавра на св. Сергеј, позната
по својата величествена архитектура и мирна, монашка атмосфера. Враќање во Москва и слободно време. Вечерта, како вистински
завршеток на денот – факултативно пловење со луксузниот брод-ресторан Radisson по реката Москва, со поглед на
величенствено осветлените мостови, згради, куполи и паркови на градот. Тура која не се пропушта. Ноќевање.


4 ден: 13.04.2026 МОСКВА (Кремљ и Палата на оружјето) – САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Појадок. Слободен ден или предлагаме факултатина програма – Кремљ, најстариот и најзначајниот дел од историскиот центар на
Москва - срцето на руската историја и извонредно атрактивен архитектонско уметнички комплекс. Прошетка низ неговите катедрали,
дворови и дворци (црквата Успение на Архангел, Цар-ѕвоното, Цар-топот, итн). Можност да се посети и Палатата на Оружјето -
вистинска ризница на богатства во московскиот Кремљ заштитена од УНЕСКО, место каде се чуваат највредните предмети од царска
Русија – круни, скиптри, кочии, скапоцени предмети и уметнички ремек-дела.
Попладне – трансфер до станицата и патување со супербрзиот воз Сапсан, кој ги поврзува двата најголеми руски града (поаѓање во
17:00 часот, пристигнување во 20:50 часот). По помалку од 4часа во воз, пристигнување во Санкт Петербург – градот на Петар
Велики, градот на реките, каналите и мостовите. Сместување во хотел. Ноќевање.

5 ден: 14.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ – Северната Венеција (Петерхоф)
Појадок. Ден за запознавање со раскошниот Санкт Петербург, еден од најубавите градови во Европа. Панорамско разгледување на
градот без влезници: Невски Проспект, Казанската катедрала, Дворскиот плоштад, Ермитаж, Адмиралитетот, Исакиевската
катедрала, Бронзениот коњаник, како и познатите мостови и канали што му го даваат прекарот „Северна Венеција“. Факултативно:
посета на Петропавловската тврдина и црквата на св. Петар и Павле каде се закопани голем број на руски цареви и императори
почнувајќи од Петар I. Во овој комплекс кој претставува историското јадро на градот се наоѓа историскиот музеј на Санкт Петербург
како и прочуените зандани. Слободно време за прошетки по живописните улици и кафулиња. Ноќевање.


6 ден: 15.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Пушкин – Царско Село; Петерхоф)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, или факултативно ден исполнет со царска убавина. Факултативна посета на
Пушкин – Царското Село, летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2.
Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметничките предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на
династијата Романови. Ќе имате можност да влезет и да ја видите прочуената Килибарска сала, симбол на богатството и
уметничката префинетост на руската империја. Попладне – факултативна екскурзија до Петерхоф, раскошната летна резиденција
на Петар Велики, позната по своите паркови и фонтани, поради што често се нарекува Рускиот Версај. Поглед кон познатата фонтана
со 250 позлатени скулптури и прошетка низ Горниот и Долниот парк, се до обалата на Финскиот залив од каде се шири поглед кон
Санкт Петербург и Кронштат. Враќање во градот. Ноќевање.


7 ден: 16.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж; Крстарење по Нева)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, а наш предлог е денот да го посветите на уметност и инспирација со
организираните факултативни тури. Факултативна посета на Ермитаж – еден од најголемите и најбогати музеи во светот, сместен
во поранешниот Зимски дворец покрај брегот на Нева, во срцето на градот. Неколку милиони експонати и уметнички дела од сите
епохи, меѓу кои ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Рембрант, Пикасо и многу други. Музејот е неверојатна
ризница на безвременски дела од непроценливо значење. Попладне – факултативно крстарење по реката Нева, со поглед кон
фасадите, куполите и мостовите што го прават Санкт Петербург град од соништата. Слободна вечер. Ноќевање.


8 ден: 17.14.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Последен Појадок во градот на реките и дворците. Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со Turkish Airlines во 12:50 часот
(TK402), пристигнување во 16:55 часот. Потоа лет за Скопје во 18:55 часот (TK1005), пристигнување во 19:30 часот. Со спомени
исполнети со царска убавина, православна духовност и руската душа – завршува ова незаборавно велигденско патување.

МОСКВА & СТ ПЕТЕРБУРГ
Април 2026
Хотели 4****
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 10.04.2026 – 17.04.2026
УСЛУГИ Ноќевање со појадок
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 7 Ноќи / 8 Дена

 


Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 1.395 € / 86.490 мкд
EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 31.12.2025 1.290 € / 79.980 мкд
Доплата за еднокреветна соба 200 € / 13.020 мкд
Попуст за дете од 02-11,99 години -100 € / 6.200 мкд
Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Лежај за 3то лице може да е со помали димензии од стандардните.

Во цената е вклучено:
• Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Москва и Санкт Петербург – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
• Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
• Воз Сапсан од Москва до Ст. Петербург (окулу 4 часа).
• 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Москва.
• 4 ноќевања со појадок во хотел 4* во Санкт Петербург.
• Трансфери според програмата.
• Панорамски разглед на Москва со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
• Панорамски разглед на Ст. Петербург со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
• Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот.
Во цената не е вклучено:
• Патничко здравствено осигурување.
• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
• Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (со водич, превоз и влезници вклучени):
Москва
• Кремљ (и 2 православни цркви)*** 50еур
• Сергиев Имот 55еур
• Прошетка низ Московско Метро 10еур
• Бородинска Битка 40еур
• Крстарење по реката Москва 50еур
• Палатата на оружјето 55еур
Ст. Петербург
• Ермитаж 50еур
• Пушкин (Царското село) *** 65еур
• Петерхоф, Горен и Долен парк 55еур
• Петропавловска Тврдина 40еур
• Пловење по реката Нева 40еур
*** За реализација на Пушкин (Царско село) и Кремљ е потребно пријавување и плаќање со правење на резервацијата во агенција.
*** За пријавување и уплата на сите факултативни екскурзии однапред во агенција – 10 % ПОПУСТ (вкупна цена 460еур)
Важни Забелешки:

• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници,
организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет
(20) дена пред поаѓање.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни
причини.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на
влезниците во локалитетите.

84

Leave a comment

You are commenting as guest.