|
ПРОЛЕТНА ШПАНСКА МАГИЈА ВО КОСТА ДЕЛ СОЛ
Сонце, медитернаски ритам и андалузиска душа
Добредојдовте на најпознатата шпанска прибрежна дестинација – Коста дел Сол, бисерот на јужна Андалузија. Овој регион е синоним за сончево време, долги песочни плажи и опуштен медитерански начин на живот. Од живописната Малага, културното срце на регионот, до гламурозната Марбеља и малите шармантни андалузиски градчиња, Коста дел Сол нуди богатство од доживувања за секој тип патник. Тука релаксацијата и авантурата одат рака под рака. Без разлика дали сакате мирни прошетки покрај море, истражување на историски градови, активен одмор во природа или уживање во локалната гастрономија, Коста дел Сол нуди совршен баланс меѓу култура, природа и уживање.
|