ТРАДИЦИОНАЛНО ВЕЛИГДЕН НА КРФ ( од Охрид)
ВЕЛИГДЕН НА КРФ
1 ден: 09.04.2026 (Четврток) МАКЕДОНИЈА - КРФ
Поаѓање од Охрид во 22 30 часот од Лук Оил. По граничните формалности, продолжување за Игуменица со попатни одмори. Ноќно патување.
2 ден: 10.04.2026 ( Петок) КРФ
Пристигнување во Игуменитца. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во пладневните часови. Сместување во апартмани. Слободно време до 15:00 часот. Посета на палатата на принцезата Сиси – АХИЛЕОН. После разгледот на палатата, се поаѓа према центарот на градот, каде се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, плех оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе- симболот на островот. Сето тоа трае до 21.00 часот кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големит хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија- оплакувањето на Христос. Враќање во апартманите. Ноќевање
3 ден: 11.04.2026(Сабота) КРФ - КАНОНИ
Се упатуваме кон градот Крф. Претпладнето започнува процесијата: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св. Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи: Пилина и Мастело. Ќе имаме слободно време за индивидуална прошетка низ градот Крф. Пауза за ручек. Потоа во договорено време се упатуваме кон брдото Канони со прекрасен поглед кон Црквата Панагиа Влахерна и полетувањето и слетувањето на авионите , кафе, слатки, уживање... Попладне враќање во апартманите. Слободно време. Околу 21:00 часот се поаѓа према градот каде на големиот плоштад, најголем во цела Грција, се очекува величенствениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото ќе се украси со прекрасен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање во апартманите. Ноќевање.
4 ден 12.04.2026 (Недела) КРФ - ПАЛЕОКАСТРИЦА
ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН – ден на радоста. По улиците е живо и весело, се јаде и пие и она неизбежното традиционалното – се кршат јајца. Во пладневните часови се поаѓа Палеокастрица, живописно место на северниот дел од островот. Попатно се посетува фабриката Мавроматис за производи од овошјето Кум-куат, кое расте единствено на островот. Слободно време во заливот Палеокастрица, за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во градот Крф.Индивидуално слободно времеда се почувствува ритамот на градот во вечерните часови. Враќање во апартманите. Ноќевање.
5 ден 13.04.2026(Понеделник) КРФ - ЈАНИНА - МАКЕДОНИЈА
Во претпладневните часови поѓање со брод за Игуменица,а потоа продолжување со автобус за МК, со попатни одмори и посета на градот Јанина. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.
ПРОМО ЦЕНА: 149 ЕУР
Цената вклучува:
- Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма
- Превоз со брод на релација: Игуменица - Крф - Игуменица
- 3 ноќевања во апартмани без појадок Vila Bella Grecia Moraitika (секоја соба AC,ТV, во склоп на вилата има пекара - кафетериа-слаткарница)
- трансфер до Палатата Ахилеон
- Пратител за цело време на патувањето
- Организација подготовка и водство на аранжманот
Цената не вклучува:
-Туристичка такса – 5 еур за сите 3 ноќи по патник
- Посета на видиковецот Канони - 15 еур
- Заливот Палеокастрица, фабриката за кумкват Мавроматис , градот Крф - 25 еур
- Палатата Ахилеон - -- еур (влезница се купува на лице место)
- Доплата за трансфер: Струга, Охрид и Ресен -5 еур
НАПОМЕНИ:
Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.
- Агенцијата не одговара за исправноста на документите на патниците
6