mksqhrendeelrusr

Бари со посета на Полињано а Маре, Алберобело и Локоротондо
5.0/5 rating 1 vote

-BELLA ITALIA-

Бари со посета на Полињано а Маре, Алберобело и Локоротондо

Авион I 4 дена I 3 ноќи

 

Град на сонце, морски мирис и тесни улички исполнети со вкус на вистинска паста. Прошетајте се низ старите сокаци, посетете ја базиликата „Св. Никола“ и уживајте во совршениот микс од историја, море и италијански шарм. Бари е идеално бегство за сите што сакаат лесно, романтично и незаборавно искуство со вкусна храна и медитеранска магија. 

 

Прв ден: 06.03.2026 (петок) Скопје - Бари

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14.45 часот. Полетување кон Бари во 16.45 часот. Летот за Бари трае околу 50 минути, со слетување во 17.55 часот. Организиран трансфер со автобус до хотел. Слободно време за кратка прошетка и одмор. Ноќевање.

  

Втор ден: 07.03.2026 (сабота) Бари

Појадок. По појадокот организиран разглед на Бари - пешачка прошетка низ тесните улици на стариот дел од Бари кои изобилуваат со сокаци и секоја од нив е со своја приказна. Улички испрелетени со голем број на сувенири, продавници од рачна изработка на накит, ткаенини и нивните препознатливи италијански тестенини. Прошетката ќе не води се подлабоко низ стариот дел од Бари каде на толку мал простор се лоцирани најпознатите одбележја како импресивната катедрала San Sabino, потоа Bazilika di San Nicola, големиот Храм изграден во 11 век каде се чуваат моштите на Свети Никола, заштитникот на патниците, морнарите и на децата. Целиот град е уметност сам по себе, посветен на религијата и на уличната уметност. По организираниот разглед, слободно попладне каде може да се направи кафе пауза или пауза за ручек да се вкуси прекрасната италијанска кујна на еден од плоштадите покрај море, од каде подоцна ќе може да се ужива во новиот дел од Бари. Да се почувствува контастот помегу старото и новото. Движејќи се покрај брегот и пристаништето на Бари се оди директно кон новиот дел на Бари Via Sparano главна улица за шопинг, со бутици и модни продавници и Corso Cavour. Враќање во хотел. Вечерта слободно време за прошетка и индивидуални активности. Ноќевање.

 

Трети ден: 08.03.2026 (недела) Целодневна факултативна посета на Полињано а Маре - Алберобело - Локоротондо

Појадок. Утрото со организиран трансфер ве водиме на незаборавно патување низ срцето на Пуља. Денот ќе го исполниме со прекрасни глетки, богата култура и трајни спомени. Ќе го отриеме шармот на Алберобело и мирната убавина на Локоротондо и прекрасните крајбрежни погледи на Полињано а Маре. Алберобело кој се карактеризира со прекрасни куќички „Trulli“, тука секој агол од селото, секое сокаче е исполнето со сувенир продавници, места од каде може да направите спектакуларни фотографии и прекрасни градини. По прошетката во јадрото од Алберобело имаме можност за кафе пауза. Попладнето се упатуваме кон Локороконто. Место кое изобилува со пријатни, мали погледи. Погледи кои го одземаат здивот, испреплетени улици направени од мали сводови, кој плени со својот уникатен шарм и мирна медитеранска атмосфера. Старото градско јадро е кружно, поради што градот го добил своето име, и е познато по белите куќи со шарени цвеќиња на прозорците, тесните калдрмисани улички и мирните плоштади кои повикуваат на прошетка. Локоротондо е совршена дестинација за оние кои сакаат да ја искусат вистинската Италија – далеку од туристичките гужви, со автентична култура, топло гостопримство и чувство дека времето тука тече малку побавно. Патувањето го завршуваме со посета на крајбрежниот бисе Полињано а Маре. Вдишете го морскиот воздух од неговите драматични тераси, изгубете се во стариот град како лавиринт и не пропуштајте ја можноста да го пробате препознатливото кафе на градот - збогатено со кора од лимон, шеќер, крем и малку амарето. Во договореното време враќање кон Бари. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 09.03.2026 (понеделник) Бари - Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ви препорачуваме прошетка до Матера ( со воз или автобус ) – град кој е изграден на варовнички карпи низ кој се протегаат безброј подземни ходници. Саси ди Матера – стариот дел на градот е под заштита на УНЕСКО, Сасо Барисано и Сасо Кавеосо прекрасни делови од градот кој се препорачуваат да се посетат поради прекрасната архитектура. Не ги пропуштајте и Пјаца Виторио Венето, фонтаната на Љубовта, катедралата.....

Во попладневните часови организиран трансфер кон аеродромот во Бари. Полетување за Скопје во 18:30 часот, пристигнување во Скопје во 19.40 часот.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ОД 399 евра ( 24.738 денари)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 449 евра ( 27.838 денари)

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

 

  • Авионски билет Скопје – Бари - Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж со димензии 40х30х20
  • Автобуски трансфер аеродром – хотел - аеродром
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Кристал 3* во Бари ( со одлична локација )
  • Лиценциран туристички водич за време на целото патување

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

  • Доплата за чекиран багаж
  • Доплата за еднокреветна соба +80 евра
  • Туристичка такса 6 евра за сите ноќевања по лице, се плаќа во агенција.
  • Целодневна факултативна посета на Полињано а Маре, Алберобело и Локоротондо со автобуски превоз и локален туристички водич 85 еур, се плаќа во агенција.
  • Индивидуални трошоци при патувањето.
  • Задолжително патничко здравствено осигурување.

 

 

НАПОМЕНА:

- За резервации е потребно уплата на аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот, целосната доплата на аранжманот треба да биде завршена 14 дена пред поаѓање.

- За реализација на програмата се потребни минимум 20 лица

- За реализација на сите факултативи со наведените цени потребни се минимум 20 лица – цените на факултативите се подложни на промени согласно бројот на пријавени патници

- Валиден пасош минимум 6 месеци од денот на враќањето.

- Цените се дадени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.

- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

- Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови, места и саатници

- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на  СКТМ.

 

13

Leave a comment

You are commenting as guest.