mksqhrendeelrusr

АНДАЛУЗИЈА
5.0/5 rating 1 vote

Андалузија е најголемиот шпански регион со преубави градови и живописни села. Со околу осум милиони жители, таа е поголема од половина европски држави. Најјужниот регион на Шпанија, каде се сретнуваат Средоземното Море и Атлантскиот Океан е местото каде историјата оставила длабоки траги.

Андалузија е лулка на коридата, фламенкото, гитарата... Сонце, страст, звуци на фламенко и впечатливи бои, тоа е Андалузија, регион во кој се допираат истокот и западот во егзотична мешавина од традиционалните: шпанска, еврејска и арапска култура. Освен по убавината и културната разновидност, позната е и по шпанскиот заводник Дон Жуан и уметниците Диего Веласкез и Пабло Пикасо, чии најважни дела се наоѓаат во музејот во неговиот роден град Малага.

Покрај песочните плажи и планинските ресорти, тука е и модерната Андалузија со градови полни со отмени бутици, барови, ресторани и бурен ноќен живот. Андалузиските забави се познати како најгласни и “најколоритни”.

 

АНДАЛУЗИЈА

Бисерите на Шпанија

Авион/ 8 дена/ 7 ноќевања

  1. Март (Среда) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ – МАЛАГА                  

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:30 часот. Полетување за Истанбул во 09:15 и пристигнување во 12:50 часот, по локално време. Полетување за Малага во 14:00 и пристигнување во 16:45 часот. Трансфер до хотелот во Малага и сместување. Овој шпански приморски град, сместен на брегот на Медитеранот, полн е со траги од богатата историја, а изобилува и со пулсирачки модернизам. Освен по широките Авении со палми и паркови со тропски растенија, градот е препознатлив и по мавританската тврдина Гибралфаро и палатата Алкасаба, за која се вели дека била еднаква на Алхамбра, но била запоставена низ вековите… Ноќевање.

  1. Март (Четврток) МАЛАГА – МАРБЕЛЈА

Појадок. Разглед на најголемиот јужен европски град Малага, наречен уште и „Престолнина на Коста дел Сол“ и родното место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, можност за посета на музејот со неговите дела, прошетка до Римскиот театар, стариот градски кварт и Катедралата... Препорачуваме факултативен излет со посета на монденското летувалиште Марбелја, опколено со Маварски ѕидини и Плоштадот на портокалите, околу кој се наоѓаат итнересни средновековни градби. Враќање во хотелот во Малага во вечерните часови. Ноќевање.

  1. Март (Петок) МАЛАГА – РОНДА   ГРАНАДА  (околу 270 км)

Појадок. Посета на симпатичното место Ронда, гордо распространета на 750 метри надморска височина, а, нејзиниот пејсаж може да се опише како воодушевувачко чудо на природата. Градот е сместен на две високи карпи поврзани со Мостот Puente Nuevo, како главна атракција. Позната е и како колевка на коридата, тука се наоѓа една од најстарите и најубави кружни арени во Шпанија, од 1.785 година... Патувањето продолжува за Гранада. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.

  1. Март (Сабота) ГРАНАДА

Појадок. Разглед на сликовитата Гранада, град на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Посета на величествената Алхамбра, чие име на арапски значи „Црвена тврдина“. Тоа е една од најголемите туристички привлечности на Пиринејскиот Полуостров, комплексот од исламски и христијански објекти, заедно со прекрасните градини претставувал инспирација за многу поети. Од 1984 година се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.

 

  1. Март (Недела)             ГРАНАДА - КОРДОБА –  СЕВИЛЈА (околу 350 км)

Појадок. Тргнување за Кордоба, “осамениот град во срцето на Андалузија”, на брегот на реката Гвадалкивир. Разглед на градот опеан во стиховите на Лорка, град кој ги зачувал своите архитектонски бисери како што се: Стариот мост, Еврејскиот кварт и Џамијата Мескита, симбол на градот и чудо на архитектурата, дел од богатството заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува за Севилја. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот. Вечерна прошетка во центарот на најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија. Ноќевање.

  1. Март (Понеделник) СЕВИЛЈА

Појадок. Прошетка до еден од главните и најфотографираните симболи на Севилја, Шпанскиот плоштад, со полукружната зграда околу која погледот го разубавуваат неколку мостови и фонтани. Разглед на “престолнината” на Андалузија и Алказар, некогашна маварска владетелска палата. Препорачуваме посета на величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација... Во вечерните часови, факултативна посета на шоу програма со фламенко танц, настанат во “темпераментната” Андалузија. Ноќевање.

  1. Март (Вторник) СЕВИЛЈА - КАДИС     

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Кадис, бисерот на Атлантикот и еден од најстарите градови во Европа. Сместен на тесен полуостров, градот плени со светли фасади, живописни улички, пространи плоштади и магични погледи кон океанот. Прошетка низ стариот град, со можност за посета на Катедралата и градските ѕидини и слободното време за уживање во автентичната андалузиска атмосфера. Враќање во Севилја во попладневните часови. Прошетка до квартот Санта Круз со вкусување на шпанскиот “тапас” и до реката Гвадалкивир со Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес... Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

  1. Март (Среда)             СЕВИЛЈА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Севилја. Полетување за Истанбул во 11:50 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:25, по локално време и полетување за Скопје во 20:15. Слетување во Скопје во 19:45 часот.

За резервации до 31 Јануари       1055 евра  (65.410 денари)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                     1155 евра      (71.610 денари)

Цената вклучува:                                                                  

- Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Малага и Севилја–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси и оброци за време на летовите

- Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)

- Трансфери со автобус на наведените релации според програмата

- Седум ноќевања со појадок во Хотели 3/4* (Две во Малага, Две во Гранада и Три во Севилја)

- Разгледи и прошетки во градовите според програмата

- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

- Факултативни излети: Посета на Марбелја 50 евра, Посета на Кадис 65 евра

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)

- Патничко-здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ 

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

8

Leave a comment

You are commenting as guest.