Лефкада
Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го Икона промодобила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја...Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма...со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.