mksqhrendeelrusr

Хотел „Акрополис“ - Фурка
0.0/5 rating (0 votes)

Хотелот се наоѓа во Фурка, на околу 200 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион, има сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Центарот на градот е на околу 900 метри од хотелот и од ресторани, кафулиња, продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување се дозволени домашни миленици на барање, со доплата. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите.

Попусти за рана уплата : -15% до 31/12/2024 -10% 28/02/2025 За попуст за рана резервација е потребна уплата од 50%, а остатокот 10 дена пред терминот.

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Во цената Е вклучено:

  • 7 ноќевања
  • Користење клима уред 
  • Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Автобуски превоз
  • Патничко осигурување
  • Појадок и вечера 140Є по лице за 7 дена
  • Туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Цените се за наем на студио за 8 дена 7 ноќевања
Цените се во € за плаќање во денари, 1€ = 62 мкд
Првите два и последните два термина се промо цени и на нив нема попуст.

ПРЕВОЗ:

Напомени:

  • Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
  • Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
  • Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг., и 1 парче рачен багаж.
  • Секој дополнителен багаж се наплаќа 10 евра по куфер.

 

22

Leave a comment

You are commenting as guest.