Вила „Фотини“ - Неи Пори
Се наоѓа на околу 200 метри од широката песочна плажа во Неи Пори, во близина на пазарот, забавениот парк….
Вилата Фотини располага со двокреветни и трокреветни студија со пространи тераси.
Вилата има посебна просторија за одмор на приземје која патниците можат да ја користат на денот на смената, од која влегувате во просторија со два тоалета и посебна бања.
Сите сместувачки единици имаат основно опремена мини кујна, фрижидер, садови (пропорционално на бројот на кревети), бања, тераса, телевизор и клима уред, безжичен (wi-fi) интернет.
Постелнината се менува еднаш за време на престојот. Вилата има сопствен паркинг простор.
10% попуст за резервации направени до 28.02.2025 со 30% уплата, остатокот да се доплати до 01.04.2025. Првиот и последниот термин се со промо цени и на нив не следува попуст.
Цените се за наем на студио 8 дена / 7 ноќи
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Доплата за клима уред 5 € на ден ( се плаќа во вилата )
Туристичка такса 2 евра на ден за соба (се плаќа во објектот)
Информации, услови, попусти:
- Цените обележани со црвено се промо цени
- На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
- Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
- Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
- Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
- За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
- Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Превоз:
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe