Камп ,,Скаут,, Струга
„Камп скаут“ - Струга е најдобриот целосно обновен и опремен камп во Македонија. На пошумена површина од 6.500 м2 во Струга, под дебелата сенка на 40-годишните борови, нашиот камп ви посакува добредојде покрај брегот на Охридското Езеро.
Ем во центарот на градот, ем на брегот на езерото, ем во природа, ем настрана од градската бучава. Шатори, куќи на дрвја, хостел – сместувачки капацитети со паркинг за камп-приколки, трејлери... со место за одмор, за скара, со ви-фи, игралиште, патеки за возење велосипед за деца... Дополнително, имаме и низа авантуристички активности за „зависните“ од адреналин! Со други зборови, сè што ви треба за идеално летување за време на кризата со вирусот!
1. Во периодот од мај до септември, рецепцијата е отворена секој ден од 08:00 до 21:00 часот, додека влез на возила во кампот е дозволен во периодот од 08:00 до 22:00 часот. Вон сезона кампот е затворен за гости, освен во исклучителни случаи со претходна најава.
2. Плаќањето за престој во кампот, доколку не е претходно направено, се врши во целосен износ при самото пријавување за престој. Клучеви од собите и одредена изнајмена опрема или предмети подлежат на депозит за обезбедување, кој се враќа при одјавување на посетителот. Како форма на депозит може да се користи кредитна картичка или готовина. Ако изнајмените опрема или предмети не се вратат или се оштетени, тогаш нивната вредност се наплаќа од посетителот пред неговото заминување. Доколку посетителот замине без да ги намири сите обврски, односно доколку истите не може да се намират од оставениот депозит, кампот ќе го пријави случајот во полиција и ќе поведе правна постапка за наплата на штетата.
3. Прием на гости се врши најрано од 13:00 часот, а одјавувањето е најдоцна до 10:00 часот. Прием на гости со шатори или камп-приколки се врши најрано од 12.00 часот, а одјавување е најдоцна до 10.00 часот. Доколку посетителот има потреба за подоцнежно одјавување (дополнителни 2-4 часа), треба претходно да ги извести рецепционерите и во зависност од исполнетоста на капацитетот истото може да биде бесплатно или за таа услуга да се плати одреден надоместок, не поголем од половина од цената за еднодневен престој.
4. Сите патеки во кампот мора да бидат слободни. Строго е забрането движење на возила во кампот надвор од обележаните патеки за возила. Максималната дозволена брзина на возење во кампот е 5 km/h. Паркирањето на возилата е дозволено само на предвидениот простор за паркинг. Во исклучителни ситуации, доколку постои сериозна причина, може да се паркира надвор од обележаниот паркинг со претходно одобрување од рецепционерот во кампот. Секоја штета или сообраќајна несреќа во рамки на кампот се смета за одговорност на странката што ја предизвикала несреќата и ќе подлежи на правно гонење.
5. Мотоциклите треба да се паркираат на соодветен начин во рамки на предвидениот паркинг простор, при што треба да се обезбеди нивната стабилност, односно да се избегне нивно паѓање и предизвикување евентуална штета на други возила во близина.
6. Возилата кај кои има протекување на одредени течности (на пр. масло), ќе бидат отстранети од кампот.
7. Празнењето на хемиските тоалети од камп-приколките е дозволено само на определено место за таа намена. Ве молиме, известете го рецепционерот кога имате потреба да ги испразните резервоарите од хемиските тоалети.
8. Локацијата за сместување со шатор или приколка се определува при самото пријавување во кампот. Промената на локацијата е можна доколку постои слободен капацитет, но за тоа претходно е потребно да добиете одобрување од рецепционерот. Кампот го задржува правото да ја промени локацијата за сместување на посетителот, доколку е тоа неопходно.
9. Палењето оган во кампот е строго забрането, освен на местата предвидени за тоа. Претходно треба да се најавите доколку сакате да користите огниште и таа услуга дополнително се наплаќа.
10. Доколку сакате да направите скара, може да го користите просторот предвиден за таа намена.
11. Децата под 14 години може да ги користат различните услуги во кампот со надзор на нивните родители. Децата може да возат велосипеди во рамки на кампот, при што целосната одговорност за нивната безбедност е на нивните родители.
12. Домашните миленици се добредојдени во кампот. Гостите што престојуваат со свој шатор или камп-приколка имаат можност да го поведат со себе и своето милениче. При самото пријавување за престој, сопственикот треба да приложи пасош на животното. Миленичиња мора да бидат врзани цело време или да се чуваат во кафез. Сопствениците на миленичиња треба да ги изнесуваат животните кога треба да ги извршуваат физиолошките потреби, без да ги вознемируваат другите посетители, на локација обележана за таа намена. Користењето на тоалетите и туш-кабините за животни е забрането.
13. Време за одмор во кампот е од 14.00 до 16.00 часот, како и од 22.00 до 07.00 часот.
14. Снабдувањето со електрична енергија е исклучиво за осветлување, радио, ТВ, полнење на преносни уреди и фрижидер. Користењето на електричната енергија за готвење и греење не е дозволено и може да резултира со нејзино исклучување.
15. Кампот е покриен со WI-FI сигнал. Податоци за бесплатен пристап на мрежата ќе добиете при пријавувањето во кампот. Бесплатниот пристап овозможува проверка на вашиот е-меил, примање/праќање текстуални пораки преку апликации и посета на веб-страници. Доколку имате потреба од интернет конекција која овозможува поголем трансфер на податоци (YouTube, Netflix и сл., праќање/примање на поголеми фајлови), обратете се до рецепционерот за да добиете лозинка за целосен пристап, при што за таа услуга се плаќа дополнителен надомест.
16. Од посетителите се бара да го одржуваат нивниот простор за престој во кампот чист и уреден, односно строго е забрането расфрлање на отпадоци и други предмети.
17. Кантите за отпадоци се наоѓаат на едно место во кампот и посетителите треба да го однесат нивниот отпад таму. Не е потребно да се сортира отпадот.
18. Забрането е миење на вашиот караван/приколка, шатор или автомобил во кампот.
19. Кампот не е одговорен за евентуални штети и загуби предизвикани од кражба, природна непогода или виша сила.
20. Влезот и престојот во кампот подразбира почитување на наведените правила.
2454