mksqhrendeelrusr

Будва
4.0/5 rating 1 vote

Прв ден 23.05.2025

Поаѓање во 01.00 часот од паркингот пред спортска сала.Ноќно возење со попатни одмори преку Албанија. Утрото влез во Црна Гора. Панорамски разглед на островот Св.Стефан . Потоа се упатуваме за Будва. Смесување во апартмани.  Слободен ден за прошетка низ Будванската ривиера, стариот дел од градот, можност за шопинг во многубројните дуќани во Будва (индивидуално). Ноќевање.

Втор ден 24.05.2025

Заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, посета на еден од најживописните градови на Јадранот, гратчето Пераст. Можност за посета на островот Госпа од Шкрпјела. По посетата се упатуваме за Котор. Прошетка низ стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици, катердалата Св.Трифун, познатите цркви Св. Лука, Св. Ана, црквата на Пресвета Богородица, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот на УНЕСКО. Слободно време за индивидуални активности.Се упатуваме за Тиват и Порто Монтенегро .Слободно време за прошетки .  Враќање во Будва. Ноќевање.

Трет ден 25.05.2025

Одјавување од апартманите во 10 часот. Се упатуваме кон градот Бар каде ке се посети црквата Св.Јован Владимир и шеталиштето покрај море. . Слободно време за индивидуални разгледи . Поаѓање кон Македонија. Возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија околу полноќ.

Цена на аранжманот: 4.600 ден ( 75 евра )

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација

  • сместување на база 2 ноќевања  во апартмани

  • организација и водство на патувањето

 

Во цената не е вклучено

  • здравствено патничко осигурување

  • туристичка такса хотелска(задолжително)- 1,5 евра на  ден

  • посета на Пераст , Котор Тиват и Порто Монтенегро -20 €

  • влезници за културно историските споменици

462

Leave a comment

You are commenting as guest.