mksqhrendeelrusr

Првомајски викенд во Лептокарија
5.0/5 rating 1 vote

Првомајски Викенд во Лептокарија

Олимписка Ривиера – Грција

Сместена под падините на Олимп, Лептокарија е идеално место за краток одмор покрај море, со прекрасни плажи, чисто Егејско море и опуштена атмосфера.

Сместувањето е во Hotel Akrotalassia 3★ или Вила Јанис, со одлична локација во близина на плажа или Стар центар, што овозможува пријатен и безгрижен престој.

01.05.2026 (Петок)

Собир на групата пред Дрводекор во Скопје во 04:00 часот наутро, по што следува поаѓање кон Грција. Патувањето се одвива со попатно приклучување на патници од Велес, Штип, Прилеп и Битола, со паузи за одмор и освежување.

Се продолжува преку граничниот премин Меџитлија и пристигнување во Лептокарија во претпладневните часови. Сместување во хотел и слободно попладне за плажа, прошетка или уживање покрај море.

Во вечерните часови следува вечера (за полупансион) и ноќевање.


02.05.2026 (Сабота)

Појадок за патниците во Хотел Акроталасиа и слободен ден за индивидуални активности, одмор и уживање на плажа.

Факултативна посета на Литохоро (10 € по лице): живописно гратче сместено во подножјето на Олимп, познато по традиционалната архитектура, тесните улички и локалната кујна. Одлична можност за прошетка, кафе или ручек во автентични таверни. По посетата, враќање во Лептокарија.

Вечера (за полупансион) и ноќевање.


03.05.2026 (Недела)

Појадок и одјавување од хотелот/вилата, по што следува поаѓање кон Македонија.

Попатно е предвидена посета на Едеса – Водопади (Воден), каде што патниците ќе имаат слободно време за прошетка, кафе и фотографии во прекрасен природен амбиент.

Во попладневните часови продолжување кон Македонија и враќање во Скопје со попатни застанувања во Битола, Прилеп, Велес и Штип.


Цена дадена по лице пакет аранжман со вклучен превоз, сместување и (оброк само за хотел Акроталасиа):

Хотел Акроталасиа Полупансион (појадок + вечера) – 129 €

Хотел Акроталасиа Ноќевање со појадок – 115 €

 

Вила Јанис – 89 € апартманско Сместување

Во цената е вклучено:
  • Превоз со туристички автобус,
  • сместување во Hotel Akrotalassia 3★, или Вила Јанис Лептокарија во стариот дел на градот.
  • Ноќевање со појадок, Ноќевање со појадок и вечера или само сместување во Вила Јанис
  • Пратител за време на целото патување
 Во цената не е вклучено:
  • Патничко осигурување
  • туристичка такса доплата на лице место при Check In
  • Факултативна посета на Литохоро 10 еуро по лице ( за деца до 11,99 год Бесплатно)-минимум пријавени 25 платежни патници за реализација на оваа факултатива
  • Трансфер од Штип до Велес – 15еур по лице

НАПОМЕНИ:

–          За single соба се доплаќа дополнителни 90 евра за Хотел Акроталасиа

–       За сместување во четворокреветна соба со 2 возрасни и 2 деца до 5,99 години, за прво дете има 30% попуст, додека второто             дете плаќа само превоз валидно само за Хотел Акроталасиа.

–          Патување со Сопствен превоз -10 Евра по лице валидно само за Хотел Акроталасиа

–          Дете до 5,99 со двајца возрасни плаќа само превоз 40 Евра по лице валидно само за Хотел Акроталасиа

–         Деца од 6 до 11,99 со двајца возрасни имаат 30 % попуст валидно само за Хотел Акроталасиа

–          Деца од 0 до 1,99 години Бесплатно во автобус и Хотел Акроталасиа

–         1 во Дете од 0 до 5,99 години во Вила Јанис Плаќа само 40 Евра

–          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

–          Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

30

Leave a comment

You are commenting as guest.