Трикала и Метеори
Дали сме спремни, да ја доживееме Божиќната авантура која ќе ни ја приреди Божиќното чудо во селцето Трикала?! Каде Божиќната магија ќе не води во светот на фантазиите, посетувајќи ја куќата на Дедо Мраз, фабриката за чоколади и колачиња, штандовите со греено вино, дегустација на топло чоколадо во божиќно руво, прекрасниот луна парк, посета на работилницата за изработка на икони во Метеори.. Ве водиме на незаборавно патување, исполнето со многу изненадувања, забава, смеа, игри..
ДЕН 1: ОХРИД – КАЛАМБАКА - ТРИКАЛА
Поаѓање од Охрид во 04:30 часот од Бензиска Пумпа ЛукОил, до Здружение на возачи. Пристигнување во Каламбака, сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Божиќното село во Трикала. Слободно време за прошетки, фотографирање и уживање во прекрасниот амбиент. Враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН 1: КАЛАМБАКА – МЕТЕОРИ - ОХРИД
Појадок. После појадокот одјавување од хотел и поаѓање за Метеори каде што ќе застаниме во работилницата каде што се изработуваат икони, разни сувенири, подароци….Се прави кратка презентација и патниците ќе имаат слободно време за пазарување од продавницата. Продолжуваме за Метеори каде што ќе ги посетиме Големиот манастир или манастирот Варлаам. Собир со групата во договорено време, па се упатуваме за Македонија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
Цена : 95 €
Во цената е вклучено:
- Превоз на наведената релација со високотуристички превоз
- Ноќевање со појадок во Каламбака
- Разглед на Метеори и Трикала
- Организација и водство на аранжманот
- Пратител за време на патувањето
- Деца до 12 год. 20% попуст
Во цената не е вклучено:
- ВЛЕЗНИЦА ВО МЕТЕОРИ 3 €, задолжително носење на сукња за влез во манастирите бидејќи истата е со наплата.
- Здравствено осигурување.
- Туристичка такса во хотел, 3 € за соба на ден.
НАПОМЕНА!
- За овој аранжман важат Oпштите услови за реализација на патување на Т.А ЕЛИДА ТУРС.
- Крајниот рок за извествање на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување.