mksqhrendeelrusr

Сараево-Мостар од Охрид
4.0/5 rating (2 votes)

 

 

  • САРАЕВО - МОСТАР

     

    ПРВ ДЕН - 05.12.2025 (ПЕТОК) ОХРИД - БИТОЛА - САРАЕВО
    Поаѓање во 17 30 часот. Ноќно возење преку Србија, со попатни паузи и царински формалности.

    ВТОР ДЕН - 06.12.2025 (САБОТА) САРАЕВО
    Пристигнување во Сараево каде следува разглед на градот со локален водич.
    Сараево е поделен на 3 дела, Отомански дел каде се наоѓа Башчаршија, Австро-Унгарски дел каде се спојуваат културите и доминираат австро-унгартските градби и Југословенски дел.Кога ќе шетате ќе се почувствувате како да влегувате од град во град.
    По разгледот следува слободно време за индивидуален разглед. Препорачуваме да ја посетите најстарата пивница во градот ,,PIVNICA HS’’ која е од 1864 година. Сместување во хотел. Ноќевање.


    ТРЕТ ДЕН - 07.12.2025 (НЕДЕЛА) БУНКЕРОТ НА ТИТО, КОЊИЦ, ЈАБЛАНИЦА (БИТКА НА НЕРЕТВА) ИЗВОРОТ И МОСТАР
    Појадок. По појадокот посета на бункерот на Тито. Бункерот, со површина од 6.500 метри квадратни, се состои од над 100 мали простории, канцеларии, конференциски сали, опремени со едноставен мебел и задолжителен портрет на Тито. Јосип Броз Тито започнал со изградба на овој бункер во раните 50-ти години во близина на Босанскиот град Коњиц. Неговата цел била да ја прими владеачката класа во случај на нуклеарен напад. По посетата на Коњиц,
    групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била битката на Неретва. Денот го завршуваме со посета на Мостар еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина, кој името го добил по чуварите на мостовите на реката Неретва (мостари) на чиј брег е послан градот. Прошетка до Стариот мост ( кој заедно со стариот дел на градот во 2005 е ставен на листата на УНЕСКО), кулата Келебија, Саат кула, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва...  По завршивање на разгледот слободно време и можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар, но и на Босна и Херцеговина. Враќање во хотел. Ноќевање.


    ЧЕТВРТ ДЕН - 08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) БОСАНСКИ ПИРАМИДИ - ВИШЕГРАД - АДРИЌГРАД - МКД
    Појадок. По појадокот посета на Босанските пирамиди. Ќе го посетите тунел Равне. По посетата на Босанските пирамиди заминување кон Вишеград, едно мало градче во Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на сливот на реките Рзав и Дрина. Место каде две култури, два света се спојуваат преку надалеку познатиот Мостот на Дрина, претставен пред светот од Иво Андриќ. Во Вишеград ќе имаме можност да го посетите и Андриќград кој е познат како и Каменград а инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Слободно време за прошетка или Крстарење по Дрина. Заминување кон Македонија. 

    ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.10: 109 € 
    РЕДОВНА ЦЕНА: 139 € 

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
    - Автобуски превоз 
    - 2 ноќевања со појадок во Хотел со 3* во Сараево;
    - Разглед на Сараево со водич;
    - Посета на Андриќград и Вишеград
    - Туристички придружник за време на целото патување

     
    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
    - Пакет Неретва (Бункерот на Тито, Коњиц, Јабланица и Мостар ) - 70 евра (се плаќа во автобус)
    - Посета на Босански пирамиди- 25 евра (се плаќа во автобус);
    - Tуристичка такса- 3 евра за 2 ноќевања по лице (се плаќа во автобус)
    - Крстарење по Дрина- 10 евра од лице
    - Доплата за еднокреветна соба 50 евра за двете ноќевања


    ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
    - Деца до 2.99г.  во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло)
    - Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума (добиваат попуст само на факултативите)


    НАПОМЕНА:
    - Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
    - Превозот дали ќе биде со автобус или минибус зависи од бројот на патници.
    - За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
    - Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
    - Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
    - Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
    - Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
    - Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
     
  •  

 

  • Т.А Ле Ти Турс Караџа 2007 | Ул. Никола Тесла 18 Битола | www.karadzatours.com
    075/342-757 | 076/202-885
    За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно,
    крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена
    пред датумот на поаѓање.
    За деца од 3 - 12 години се плаќа 80 % од сумата на аранжманот кога станува збор за
    двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од
    3 - 12 години, за детето се плаќа цела сума.
    Доплата за еднокреветна соба 50 евра
    Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина,
    авансот е нерефундабилен.
    Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини
    содржини во програмата
    Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
    Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова
    реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се
    реализира во согласност со општите услови за патување.
     
27

Leave a comment

You are commenting as guest.