ЛУТРАКИ со посета на Свети Јован Претеча во Бер
Прв ден: 07.12.2026
Состанок на групата во 05:00 на бензиска пумпа Лукоил и поаѓање за Лутраки. Се патува преку Ресен, Битола и граничен премин Меџитлија. Попатни пауза и царински формалности. Околу пладне пристигнување во Лутраки. Сместување во хотел 3* . Одмор од патувањето. Потоа заминување на групата кон топлите извори и слободно време за користење на базените со топла вода. Враќање во хотелот. Факултативна свечена вечера со музика во ресторан Калофагас кај добро познатиот газда Митре. Ноќевање.
Втор ден: 08.12.2026
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Бер. Посета на Манастирот свети Јован Претеча каде што се чува чесната глава (черепот) на свети Климент Охридски. По разгледот поаѓање за Воден. Прошетка и разглед на водопадите и слободно време за индивидуални активности и ручек. Во договорено време заминување на групата кон Македонија и пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 4490 мкд
Цената вклучува:
- Превоз со туристички автобус
- Сместување во хотел 3 * во Лутраки на база 1 ноќевање со појадок
- Туристичка такса
- Интернет во хотелот
Цената не вклучува:
- Свечена вечера со музика во ресторанот Калофагас
- Користење на бањите со топла минерална вода – 2 – 5 евра по лице
- Патничко и здравствено осигурување