mksqhrendeelrusr

КУБА
3.7/5 rating (13 votes)

КУБА - РОМАНТИКА, САЛСА, ПЕСОЧНИ ПЛАЖИ, ТИРКИЗНО МОРЕ..

ЗЕМЈАТА НА МОХИТО, САЛСА И КУБАНСКИТЕ ПУРИ

Варадеро - најексклузивното и најпознато летувалиште во Куба во кое се уште владеат браќата Кастро, се наоѓа на околу 150 километри источно од главниот град Хавана и денеска е еден од најзначајните туристички центри на Карибите.

Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи и колекционери кои имаат пасија кон олдтајмери. Но Куба е позната и по Че Гевара (Che Guevara), Кубанските цигари, кубанска музика, Јастози, корали, подводни карпи, подводен животински свет, стари бродови и долга листа која нема крај. Температурата на водата овде, скоро никогаш не достигнува под 24 степени, дури и во зимските периоди. Идеален период за посета на Куба е од ноември до месец јуни ....

 

                                                                             11.04.2022: Скопје – Истанбул
1 ден
Состанок на патниците нa аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во 18.00 часот. Полетување од Скопје во
20.40 часот.

                                                                             12.04.2022 : Истанбул – Варадеро
2 ден
Слетување во 00.20 во Истанбул .Полетување од Истанбул во 02.10 и пристигнување во Хавана во 09.00. По
завршување на пасосшка и царинска контрола, следува разглед на Хавана со локален водич на англиски јазик.
Панорамски разглед на Хавана. Разглед на новиот и стариот дел на градот во која ќе можете да видите многу
интересни места познати по својата историска вредност како што се: старата претседателска палата, централниот
парк, плоштадот на револуцијата, (кратка пауза), Универзитеот во Хавана. Прошетка околу стара Хавана: Plaza
Vieja, Plaza de la Cathedral, Plaza de Armas, Plaza San Francisko de Asis. Ќе го посетиме градскиот музеј, Палатата
на Генералите и Капетаните и познатиот бар Florida. Панорамски разглед на тврдината Morro. Ручек.После
разгледот следува трансфер до хотел MEMORIES VARADERO 4* на услуга ALL INCLUSIVE . Сместување во
соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа.

                                                                              13.04.2022 : Варадеро
3 ден
Слободно време и уживање во прекрасната плажа.
                                                                              14.04.2022 : Варадеро
4 ден
Можност за дополнителни ексурзии *Излет Трите града (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos): Панорамски разглед
на градот Санта Клара (Santa Clara), вклучувајќи го и Мавзолејот на Ернесто Че Гевара (Ernesto Che Guevara) и
националниот споменик Tren Blindado. Потоа ќе продолжиме со посетата на градот Тринидад, прогласен за
светско културно наследство на УНЕСКО, поради неговиот колонијален стил, а историјата се одржува и по
неговите улици и музеите. Plaza Mayor, еден од градските музеи, La Canchánchara Bar за дегустација на типичен
кубански пијалок и други места од туристички интерес, се исто дел од турата. Време за ручек во ресторан во
градот. Веднаш потоа, го продолжуваме нашиот пат кон градот Cienfuegos, најмладиот град на островот, кој го
основале француските доселеници од Хаити. Пристигнување назад во хотелот околу 20:00 часот навечер.
                                                                              

                                                                              15.04.2022 : Варадеро
5 ден
Слободно време и уживање во прекрасната плажа.

                                                                              16.04.2022 : Варадеро

6 ден
Слободно време и уживање во прекрасната плажа.
                                                                             

                                                                                   17.04.2022 : Варадеро
7 ден
Можност за дополнителни ексурзии *Заливот Матанзас со долината Јумури: оваа екскурзија вклучува 30 минути
крстарење со брод по реката Canímar , заштитена област каде ке имате можност да ја видете прекрасната
Кубанска вегетација.Турата до заливот Matanzas, Градот на мостовите , Ви озможува да ги посетете
најатрактивните знаменитости : Фармацевтски музеј, француска аптека од 1882 година, Парк де ла Либертад
(плоштад Либерти), посета на Монсеррат Хајтс, како и една од цркви во градот. Турнеја низ долината и одмор во
Rancho Gaviota,каде имате вклучено: Коктел за добредојде, Посета на селска куќа и фарма, Типичен кубански
ручек. Слободно време за јавање и наутички спортски активности во езерото. Посета на Cuevas де Bellamar
(пештерата Беламар), неверојатен систем на галерија од подземни камени од вар.

                                                                               18.04.2022 : Варадеро
8 ден
Појадок. Овој ден е предвиден за слобдони активности или можност за дополнителни ексурзии * Crucero Del Sol
Excursion: Исклучителна програма за поморски активности во Варадеро, каде можете да уживате во еден ден на
плажа со чудата на подводниот свет, пловејќи по северните заливи, со прекрасна локална флора и фауна.
Кубанските пијалоци се вклучени за време на едрењето и на плажа, нуркање по прекрасно морско дно, време за
интерактивен контакт со делфините во морето, слободно време за уживање на плажа во Cayo Blanco, ручек
базиран на морска храна.

                                                                              19.04.2022 : Варадеро -Хавана
9 ден
Појадок. Трансфер до Хавана со посета на куќата на Хемингвеј со вклучен ручек. Без разлика дали сте само
љубопитни за животот на Хемингвеј или сте ги прочитале сите негови дела, вклучувајќи го и наградениот роман
„Старецот и морето“, сместен во кубанскиот рибарски град Коџимар, нема сомнение дека оваа екскурзија ќе биде
прозорец кон културната и интелектуалната сцена на Куба од 60-тите. За само половина ден, ќе застанете покрај
рестораните, баровите и хотелите што познатиот писател и новинар ги посетувал за време на неговиот престој во
Куба, кои се зачувани и станаа важен дел од нашето богато културно наследство.Екскурзијата започнува со
застанување во модерната Finca la Vígia, куќата во која зимувал авторот повеќе од 20 години. Потоа ќе
продолжите во Коџимар, рибарска заедница која писателот честопати го спомнуваше во неговите риболовни
патувања. По екскурзијата со водич, ќе застанеме во ресторанот Las Terrazas, едно од омилените места на
Хемингвеј во Козимар. Потоа ќе се упатитеме кон Стара Хавана за посета на познатиот бар Floridita Bar , каде
Хемингвеј уживал во своите даикири, и во барот La Bodeguita del Medio, каде што уживал во своето мохито.
Турата ќе продолжи со посета на хотелот Ambos Mundos Hotel каде што ќе ја посетите собата која Хемингвеј ја
резервирал кога престојувал во градот. Турата завршува со вкусен ручек (факултативно) во еден од омилените
барови на Хемингвеј.Сместување во хотел Memories Miramar 5*****на услуга ноќевање со појадок.

                                                                           20.04.2022 : Хавана
10 ден
Можност за дополнителни ексурзии * ОБИКОЛКА ДО ДОЛИНАТА ВИЊАЛЕС: Побегнете од напорниот живот
на Хавана на еден ден и изгубете се во природа. Прошетајте и посетете ги тутунските плантажи во долината
Вињалес, каде се одгледува најдобриот тутун во светот. Ќе видите како расте и се бере тутунот и ќе застанете во
фабрика за пури за да видите како листовите од тутун се избираат по големина и арома пред да бидат рачно
преработени во пури. Во долината, ќе ги цените некои од најстарите геолошки формации во Куба со нивните
карактеристични ридови од варовник и подземни реки.Пристигнување во хотелот во 17:00 часот.

                                                                          21.04.2022 : Хавана-Истанбул
11 ден
Ран појадок. Трансфер до аеродромот во Хавана и полетување од Хавана во 10:15.

                                                                          22.04.2018 : Истанбул-Скопје

12 ден

Слетување во Истанбул во 10:10 часот.Полетување од Истанбул во 19.35 и слетување во Скопје во 20.00 часот .
Additional Info:

Во цената на аранжманот е вклучено :
Авиобилет на релација Скопје-Хавана-Скопје (Со вклучен багаж);
Трансфер на релација аердром-хотел Варадарохотел Хавана-аердром;
Вклучен разглед на градот Хавана со
ручек;
Ексурзија -посета на куќата на Хемингвеј со вклучен ручек;
• 2 ноќевања со вклучен појадок во Hotel Memories Miramar 4* ,Хавана или сличен ;
7 ноќевања со услуга СЕ ВКЛУЧЕНО во Memories Varadero 4*,Варадеро или сличен ;
Придружник и локален водич на англиски јазик.

Во цената на аранжманот не е вклучено :

  • Инидивидуални трошкови;
  • Факултативни;
  • Излети.

Факултативни излети:
· Tropicana Show - 85 $ - Цена по лице
· VIÑALES VALLEY од Хавана 10 часа, 65 $ - 75 $ - Цена по лице
· Излет до трите града (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos) 98 $ - Цена по лице
· Crucero Del Sol Excursion - 110 $ - Цена по лице
· Заливот на свињите - 65 $ - Цена по лице
· Заливот Матанзас со долината Јумури 66 $ - Цена по лице
· Havana Tabacos (Havana + Cigar Factory) -Цена по лице: 98€

Напомена за екскурзиите :
Факултативните излети и тури не се задолжителни ниту се составен дел од маршрутата. Се изведуваат во
соработка со странски партнер, локална агенција. За реализација се потребни минимум 10 апликанти
(можно е да се организираат факултативни екскурзии со помал број на пријавени со мала корекција на
цената - цените може да бидат повисоки). Може да има промени во цената, датумот на патувањето,
распоредот, организацијата од страна на странскиот партнер или некои непредвидени околности на кои
организаторот на патувањето не може да влијае, па затоа не е одговорен за горенаведените промени.
Резервираните факултативни екскурзии до дестинацијата не може да се откажат и уплатената сума не
може да се врати.Факултативните излети не се покриени со гаранцијата за патување на организаторот на
патувањето, бидејќи тие се реализираат од локални партнери.

Напомена :

-Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6 месеци од терминот на патување.

- Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот , агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот .

-Цената е загарантирана само доколку има уплата од 30%  депозит за време на резервација и е неруфундабилен во случај на отказ .

 

Рокови  за отказ на аранжманот  и пенали:

  • над 60 дена  пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

 

Напомена:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 16
Во случај на помал број од 16 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи мала промена и ќе се реализира без претставник.

 

 

 

 

1665

Leave a comment

You are commenting as guest.