mksqhrendeelrusr

Израел - тајните на светата земја (Лет од Скопје)
4.0/5 rating (2 votes)

ТЕРМИН - 27/04/2022  03/05/2022

ЦЕНА: 2.654 EUR

1 ден Скопје – Истанбул-Тел Авив
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:55ч. и полетување од аеродромот во Скопје во 08:40 ч со транзитирање преку Истанбул . Слетување на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во 15.40ч. Вечерен трансфер и пријавување во хотел во Нетанија. Ноќевање.Ден(а)
2 ден Тел Авив – Назарет – Граничен премин Шеик Хусеин – Јордан
Појадок.Патување со автобус до Назарет – местото каде што Исус го поминал своето детство, посета на куќата на Јосиф, посета и разгледување на Црквата на Благовештението (Church of the Annunciation). Продолжување на патувањето кон Капернаум (Capernaum), центар на дејноста на Исус Христос. Тука се наоѓаат остатоците од античката синагога и урнатините на куќата на Св. Апостол Петар. Заминување кон Табха, местото на "Чудото со умножувањето на рибите и лебот" и можност да го погледнете мозаикот од византиската базилика од 5 век. Патувањето продолжува до граничниот премин Шеик Хусеин (Sheikh Hussein Border) – преминување на границата од Израел во Јордан. Следи посета на Џераш (Jerash) и панорамска градска тура на Аман, сместување во хотел во Амам, Rum hotel Ammna 3* или сличен . Вечера. Ноќевање.Ден(а)
3 ден Аман – Петра
Појадок. После појадокот заминување кон Петра, целодневна ексурзија до „Изгубениот град” Петра, познат како “град црвен како роза и стар колку што е стар светот”, престолнината на Набатејците – избрана како едно од новите седум светски чуда во 2007 година. По пристигнувањето започнува незаборавното патување со јавање на коњ, па потоа пешачење низ кањонот додека стигнеме до Трезорот. Локалниот водич ќе ви ја раскаже кратката историја на градот, најголема туристичка атракција на Блискиот Исток. Набатејците својот главен град го изделкале во карпите на околните планини во Петра. Градот Петра е сместен во вдлабнатата планинска долина Вади Муса (долината на Мојсеј). Розевоцрвеникавиот град Петра бил најпросперитетен важен премин на некогашните трговски патишта. Петра е обиколен од високи планини и до него се стигнува преку тесни патеки. Неговите впечатливи градби, кои се издлабени во карпи, се зачувани недопрени. Ќе имате можност да ги разгледате Каснех ал-Фарун Трезорот (Al-Khazneh, The Treasury), многубројните скалести гробници, Pharaoh's Castle, Амфитеатарот, Триумфалната капија, карденот со колонадите, манастирот. Потоа следува сместување во хотелот Oscar Hotel Petra или сличен во Петра. Вечера. Ноќевање.Ден(а)
4 ден Аман – Мостот Аленби – Витлеем
Појадок. По појадокот заминување кон Мадаба и планината Небо највисока во опсегот Моабит, кој бил центар за аџилак од најраните христијански времиња. Мадаба, библискиот град познат по најдобрите византиски мозаици во светот, вклучувајќи го и познатиот мозаик Картата на Мадаба од 6-от век.Мозаик од два милиони обоени камчиња на кој е прикажана мапа на „Светата Земја“, кој се наоѓа во црквата Св. Ѓорѓија. Потоа следи патување кон граничниот премин Аленби и преминување на границата од Јордан кон Израел. Заминување кон Каср ал Јахуд (Qasr al-Yahud) – местото на крштевање на бреговите на реката Јордан, местото каде што според традицијата, Исус бил крстен од Јован Крстител.Се движиме покрај бреговите на Мртвото Море, место со најниската надморска височина во светот. Продолжување на патувањето до Мртвото Море; уживајте во уникатната можност да пливате во Мртвото Море и да ја пробате калта богата со минерали за која многумина веруваат дека има терапевтски ефекти. Заминување кон Витлеем. Сместување во хотел Paradise Hotel Bethlehem или сличен во Витлеем. Вечера. Ноќевање.Ден(а)
5 ден Ерусалим – Стариот град
Појадок. Заминување кон Малсиновата планина (Маслинова Гора) од каде се пружа панорамски поглед на градот. Продолжуваме кон брдото Сион (градот на Давид), да го посетиме гробот на кралот Давид, собата на Тајната Вечера и Црквата Успение на Пресвета Богородица (Abbey of the Dormition). Пешачки разглед на Стариот град на Ерусалим: ќе поминете низ ерменските и еврејските населби до неодамна ископаниот и обновен Кардо, Римскиот пат. Посета на Ѕидот на плачот или Западниот ѕид (The Kotel), единствената структура која е останата од Ерусалимскиот Храм на Соломон, и продолжуваме кон Христијанската населба. Продолжуваме кон Виа Долороса – Патот на болката (Патот на солзите) (лат. Via Dolorosa), улицата по која во древниот Ерусалим Исус Христос минувал со крстот до местото на распнувањето – ридот Голгота или Калварија, па посета на Базиликата на Светиот Гроб (The Church of the Holy Sepulchre), наречена и Црква на Воскресението - најсветото место за Христијанскиот свет, каде Исус е распнат, погребан и од каде воскреснал. Враќање во хотелот во Витлеем. Вечера. Ноќевање.Ден(а)
6 ден Ерисалим Новиот град – Витлеем
Појадок. По појадокот Заминување со автобус кон Еин Керем (Ein Karem), родното место на Св. Јован Крстител, да ја посетиме Црквата на Посета на Дева Марија (Church of Visitation). Продолжуваме кон Јад Вашем (Yad Vashem), меморијален центар на евреите кои биле погубени во Холокаустот. Следи кратка посета на Израелскиот музеј (Israel Museum), кој се смета за еден од водечките уметнички и археолошки музеи во светот, познат по големата збирка експонати на библиската археологија. Едно од последните дополнувања на музејот е моделот на Ерусалим од времето на Вториот храм, пред 66 година. Продолжуваме кон Витлеем, родното место на Исус Христос и посета на базиликата ,,Рождеството Христово’’ (Church of Nativity), која е изградена во чест на тој настан и е најголема знаменитост на градот. Трансфер кон аеродромот “Бен Гурион” во Тел Авив.Ден(а)
7 ден Тел Авив – Скопје
Полетување од Тел Авив за Истанбул во 00:35 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 03:05 часот локално време. Полетување од Истанбул за Скопје во 07:50 часот и слетување на аеродромот во Скопје во 08:25 часот

Дополнителни информации
Цената на аранжманот вклучува:
· Авионски билет Скопје - Тел Авив - Скопје со вклучен багаж;
· 1 ноќевањe со вечера и појадок во Нетанија, хотел 4 *;
· 1 ноќевањe со вечера и појадок во Аман, хотел 4 *;
· 1 ноќевање со појадок и вечера во Петра, хотел 3 *;
· 2 ноќевања со појадок и вечера во Витлеем, хотел 3 *;
· Претставник од агенција;
· Луксузен автобус со бесплатен WI-FI во Израел;
· Сите трансфери за време на патувањето, според програмата;
· Сите екскурзии во програмата;
· Влезни билети за објекти во програмата;
· Сертификат за аџилак;
· Водич кој ја придружува групата за време на целиот престој;

Цената на аранжманот НЕ вклучува:
· Аеродромски такси во висина од 161 €;
· Гранични такси – цена по лице: 44 $ (USD).
· Бакшиши – околу 45 $ по турист за цело патување (се плаќа на место, односно Израел и Јордан);
· Сите оброци кои не се споменати во програмата;
· Лични трошоци.
· ПЦР и/или други тестови, доколку е потребно;
· Патничко осигурување со КОВИД покритие

Услови за резервација:
Начин на плаќање: – депозит 50 % (неповратен во случај на откажување до 39 дена пред поаѓање). Копија од пасош со важност од 6 месеци од датумот на враќање. Доплата на аранжманот 30 дена пред датумот на поаѓање.
Минимален број на туристи за остварување на екскурзијата: 16 патници.
Рок за известување при недостигнување на миналниот број туристи: 7 дена пред датумот на поаѓање.
Потребни документи: пасош; сертификат за примени вакцини , негативен ПЦР (доколку налагат регулативите за влез на Израел и Јордан) ,нема виза, санитарни и медицински барања.

Услови за откажување на аранжманот:
до 40 дена пред поаѓање – 70% од вкупната цена на аранжманот.
од 39 до 0 дена пред поаѓање – 100% од вкупната цена на аранжманот.
Напомена: Пакетната цена е пресметена по курс 1 USD = 52,3 ден. При промена на девизниот курс со повеќе од 5% во периодот до почетокот на туристичкото патување, агенцијата го задржува правото за прекалкулирање на цената на аранжманот, согласно промената на девизниот курс.
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 еврa = 62 денари

2147

Leave a comment

You are commenting as guest.