mksqhrendeelrusr

Златибор
3.7/5 rating (6 votes)

1 ДЕН: 12.11.2026

Состанок со групата во 22.00 часот на бензиска пумпа Лукоил и поаѓање за Златибор. Ноќно патување преку граничен премин Табановце, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН: 13.11.2026

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Посета на Сирогојно– посета на музејот на отворено “ Старо село “ и специјаната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато по целиот свет, после посетата на Сирогојно се упатуваме кон Стопиќа Пештера – една од најпознатите пештери во Србија, таа е речна пештера, бидејќи низ неа протекува Трнавски Поток. Пештерата има импресивен влез на отворот кој е широк 35 метри и висок 18 метри. Во пладневните часови поаѓање за Златибор –  сместување во хотел во Златибор. Ноќевање.

3 ДЕН: 14.11.2026

Појадок. После појадокот факултативна посета на Ел Пасо – Тематскиот парк Ел Пасо Сити го добил името по истоимениот пограничен град во Соединетите Американски Држави. Исто како што реката Рио Гранде ја формира природната граница меѓу САД и Мексико, реката што тече низ комплексот Ел Пасо Сити на Златибор ги дели двете тематски целини на американски и српски дел.Во исто време, ова место e средба на две култури. Од едната страна на реката има каубојски град и индијанско село, додека на другиот брег има српски дел со црква и слаткото село Златибор. Поминувајќи низ градот Ел Пасо, ќе доживеете две различни клими во ист временски период од 1865 до 1890 година, но во различни делови на светот. Во договорено време враќање за Златибор. Организирана вечера(факултативно). Ноќевање.

4 ДЕН: 15.11.2026

            Појадок. После појадокот одјавување од хотел и во договорено време поаѓање за центарот на Златибор и Златиборско езеро.  Слободно време за рекреација и индивидуални активности. Поаѓање за Македонија во договорено време со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА до 10.10 : 165 €

РЕДОВНА ЦЕНА: 185 €

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз до наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 4* во  Златибор
  • Користење на Wellnes & SPA центар и теретана со претходна резервација, во рок од 2-4 ч. во претходен договор
  • Надворешен базен исто со претходна резервација во рок од 4 часа дневно
  • Посета на Сирогојно
  • Туристичка такса
  • Туристички придружник во текот на целото патување.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезница за Музејот на отворено “ Старо село “ – Сирогјно - 3 €.
  • Влезница за Стопиќа Пештера – 4 €
  • Посета на Ел Пасо – 15 €
  • Свечена вечера 
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНА:

  • За деца од 2 – 9,99 год – 30 % – ПОПУСТ – од цената
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 35 патници.
  • Редоследот на факултативите агенцијата има право да ги измени доколку тоа е во интерес на патниците
373

Leave a comment

You are commenting as guest.