mksqhrendeelrusr

ГРЧКИ ОСТРОВИ
5.0/5 rating (2 votes)

Крстарење  ·  9 дена / 8 ноќи
Idyllic Greece
Грчки Острови
Скопје · Атина · Кушадаси · Родос · Крит · Санторини · Миконос · Милос · Атина · Скопје
 
 
€1.840
Цена од €899
Важи за резервации до 22.06.2026
 
ПОАЃАЊА : 03/07 И  10/07
 
01 - ДЕН
Состанок на групата и поаѓање за Атина со автобус.
 
02 - ДЕН
Од 12 до 16:00 часот чекирање на бродот. Бродот испловува во 17:00 часот и започнува незаборавната авантура по Егејот од античкиот град на светлината – Атина. Вечера на брод. Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси.
 
03-ДЕН
Пристигнување во Кушадаси во 08:00 часот. Појадок. Ручек. Може да уживате во прекрасните песочни плажи на Кушадаси. Слободното време искористете го за прошетка по убавото крајбрежје, шопинг во големата чаршија и дегустација на локалните специјалитети. Можност за факултативна екскурзија – посета на Ефес или некои други. Враќање на бродот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Родос.
04-ДЕН
Пристигнување во Родос во 08:00. Појадок. Импресивниот пејзаж на Родос беспрекорно ги спојува драматичните антички и историски локалитети со шармантните модерни ридски села. Тука ќе ја посетите величествената средновековна тврдина на Акрополот во Линдос, сместена на врвот на карпа над кристално чистото Егејско Море, и ќе ги истражите калдрмите и тесните премини во Стариот град со раскошна архитектура под osmanлиско и италијанско влијание. Ручек. Поаѓање во 18:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење за Крит.
05-ДЕН
Пристигнување во Крит во 08:00. Појадок. Во Крит ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16ти век на тврдината Кулес. Слободно време за посета на малите критски села или палатата на Кносос. Можност за резервација на факултативни екскурзии. Ручек. Поаѓање од Крит во 20:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење за Санторини.
06-ДЕН
Пристигнување во Санторини во 08:00. Појадок. Може да се пријавите за неколку различни факултативни екскурзии на овој прекрасен вулкански остров, кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи. Искусете го медитеранскиот начин на живот, опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза. Ручек и вечера на брод. Бродот испловува во 22:00 часот. Ноќевање и ноќно крстарење до Миконос.
07-ДЕН
Пристигнување во Миконос во 08:00. Појадок. Организиран превоз до градот. Градот Миконос или Хора мами со својата убавина, космополитски дух и врвен ноќен живот. Познат како „Островот на ветровите", препознатлив по своите бројни ветерници од 16ти век. Живописниот остров е примамлив со своите песочни плажи, кристално чиста вода и културни историски споменици. Може да уживате во бројните музеи, кафулиња, барови и клубови со целодневни забави. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 02:00 по полноќ. Ноќевање и крстарење до Милос.
08-ДЕН
Пристигнување во Милос во 08:00. Појадок. Вулканскиот пејзаж на островот Милос го прави најегзотичен остров на Егејското море, со извонредни бои и мистика. Тука ќе уживате во најубавите плажи кои вулканските карпи ги обоиле во црвена, розова и портокалова боја. Можност за факултативни екскурзии. Ручек и вечера на брод. Ноќевање и крстарење до Атина.
09-ДЕН
Пристигнување во Атина во 07:00 часот – крај на крстарењето. Појадок. Багажот се оставаат пред кабините, се задржува само личниот багаж. По одјавувањето – панорамски разглед на Атина (Акропол и Партенон). По разгледот, во попладневните часови поаѓање со автобус за Скопје.
 
Превоз
Автобус + Крузер
 
Сместување
Кабина со прозорец (Cat/XB)
 
Услуга
Полн пансион со безалкохолни пијалаци
 
Поаѓање
03.07 · 10.07.2026
 
Времетраење
9 дена / 8 ноќи
 
Пратител
Туристички пратител со групата
15

Leave a comment

You are commenting as guest.