БОЖИЌНИОТ БАЗАР ВО ТРИКАЛА СО ПОСЕТА НА МЕТЕОРИ
БОЖИЌНА АВАНТУРА ВО ТРИКАЛА И ПОСЕТА НА МЕТЕОРИ
ТЕРМИНИ:
14/12/2024
21/12/2024
Дали сме спремни, да ја доживееме Божиќната авантура која ќе ни ја приреди Божиќното чудо во селцето Трикала?! Каде Божиќната магија ќе не води во светот на фантазиите, посетувајќи ја куќата на Дедо Мраз, фанриката за чоколади и колачиња, штандовите со греено вино, дегустација на топло чоколадо во божиќно руво, прекрасниот луна парк, посета на работилницата за изработка на икони во Метеори.. Ве водиме на незаборавно патување, исполнето со многу изненадувања, забава, смеа, игри..
ДЕН 1: Поаѓање од Охрид во 04:30 часот од Бензиска Пумпа ЛукОил, до Здружение на возачи.
Пристигнуваме во Метеори каде што ќе го посетиме Големиот манастир или манастирот Варлаам, ( за кое е планирано околу 2 часа во Метеори). Собир со групата во договорено време, па се упатуваме во работилницата каде што се изработуваат икони, разни сувенири, подароци….Се прави кратка презентација и патниците ќе имаат слободно време за пазарување од продавницата. Потоа одиме на ручек во таверна. Околу 15 часот планирано време за поаѓање кон Божиќното село во Трикала. Слободно време за прошетки, фотографирање и уживање во прекрасниот амбиент. Во договор со водичот се собира групата, па се упатуваме према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена за возрасни: 1400 мкд
Цена за деца до 12 години: 1200 мкд
Во цената е вклучено:
- Превоз на наведената релација со високотуристички превоз
- Разглед на Метеори и Трикала
- Организација и водство на аранжманот
- Пратител за време на патувањето
- Патничко осигурување со целосно покритие
Во цената не е вклучено:
- ВЛЕЗНИЦА ВО МЕТЕОРИ 3 €, задолжително носење на сукња за влез во манастирите бидејќи истата е со наплата.
НАПОМЕНА!
- За овој аранжман важат Oпштите услови за реализација на патување на Т.А ЕЛИДА ТУРС.
- Крајниот рок за извествање на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување.
1378