mksqhrendeelrusr

Хотел ,,Медите Ресорт СПА,, 5* - Сандански
5.0/5 rating 1 vote

Хотел ,,Медите Ресорт СПА,, 5* - Сандански

Новиот термален Спа Ресорт Медите е целосно обновен и реновиран во 2018 г. и ви нуди светли и пријатни простории, исполнувајќи ги сите можни желби за луксузен и постмодерен класичен комплекс. Се наоѓа во една од најубавите локации со панорамски поглед на запад на целиот град Медите Спа Ресорт е прв и единствен дизајниран хотел во Сандански, проектиран од италијанскиот дизајнер Раимондо Флакомио во 2004 година и редизајниран од Дрен Руди во 2018 година. Комплексот располага со 86 хотелски соби и апартмани, 8 самостојни вили, конференциска и сала со капацитет до 200 лица, просторен спа и велнес центар, фитнес сала, затворен и отворен базен, инфинити базен, гурманските и традиционални ресторани, лоби бар. Сето ова го прави Сандански најпосакувана дестинација за елитен начин на живот, како и за организирање на настани со меѓународно учество. Спа Ресорт Медите е изграден на антички тракиски минерални бањи. Познатиот Тракиец Спартак е од племето Меди, кое го населува регионот Сандански.

Медите Спа Ресорт прогласен како најдобар спа ресорт на Балканот за 2018 од Балканскиот сојуз на угостителски здруженија-BAHA.

Цените НЕ ВАЖАТ за национални и верски празници, семинари, конгреси.
Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

Цените се по соба по ноќевање и вклучуваат:

  • ноќевање со појадок или појадок и вечера,
  • надворешен и внатрешен базен со минерален базен,
  • надворешно џакузи
  • сауна,
  • парна бања,
  • јодна соба,
  • соба за релаксација,
  • фитнес,
  • паркинг,
  • детско игралиште,
  • сеф,
  • туристичка такса,
  • ДДВ

Доплата:

  • Доплата за трет возрасен на дополнително легло: 26 € BB / 41 € HB
  • Доплата за ручек – возрасен 11€
  • Доплата за ручек – 8 € дете до 11,99 г.

Политика за деца:

  • Деца до 11,99 г. се сместуваат бесплатно со 2 возрасни лица.
  • 1 возрасен + 1 дете до 11,99 год. на обичен кревет се доплаќа како еднокреветна соба

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување

Овие цени не важат за верски и национални празници и за период 01-10.04.2022

 

СМЕСТУВАОЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:

Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)

Напуштање на собите дп 12:00 ч. (локално време)

Доцна одјавување помеѓу 12:00 и 17:30 ч се доплаќа 50% од цената за ноќевање.

Доцна одјавување после 17:30 ч се доплаќа 100% од цената за ноќевање.

Легенда:

DBL – двокреветна соба,

SGL – еднокреветна соба ,

TRPLтрокреветна соба

ADLвозрасен,

CHDдете

 

РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански

Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на

Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера, бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.

Мелник – “градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.

Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиот манастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.

Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само

15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

 

УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:

  1. За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.

  2. Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред пристигнувањето без пенали.

  3. Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.

  4. Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.

  5. Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.

  6. Прoмена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.

  7. Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.

  8. Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

2629

Leave a comment

You are commenting as guest.