mksqhrendeelrusr

Истанбул во Ноември - превоз од Охрид
5.0/5 rating 1 vote

 

 

 

1 ден (четврток – 12.11.2020): ОХРИД - БИТОЛА

Состанок пред Лук Оил бензиска Охрид - 10,30. Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во Битола околу 12:00 часот. Поаѓање за Турција. Патот води преку Прилеп, Велес, транзитирање низ Бугарија, Едрене... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (петок – 13.11.2020): ИСТАНБУЛ

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија со претставник од агенција. Околу пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор или индивидуални прошетки. Во попладневните часови, факултативна посета со локален водич, на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула, а потоа и плоштадот Таксим на европскиот дел. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 14.11.2020): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот поаѓање за факултативна посета на историски најзначјните места низ Истанбул со стручен локален водич: посета на втората по големина џамија во Истанбул, џамијата на Сулејман Величенствениот, каде воедно се наоѓаат гробниците на Султан Сулејман и Хурем Султан и најпознатиот отомански архитект, Мимар Синан. Екскурзијата продолжува со посета со влезница на Базилика Цистерна – Јеребатан, историски објект кој датира од 6 век, а за кој се врзани интересни историски факти и легенди. Продолжуваме со посета на Султанахмет плоштадот  каде се наоѓаат Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи Палата (без влезница за музеите), каде што ќе имате можност да ги слушнете најважните и најубавите историски приказни. Продолжуваме преку паркот Ѓулхан, железничката станица каде завршувал Ориент Експрес до Египетски пазар. Слободно време за купување и ручек (предлог, сендвич со риба). Враќање во хотел. Во попладневните часови поаѓање за факултативна посета на две од маалата популарни за вечерни излегувања – Кадикој и Ортакој, за да го доловите градот ноќе од уште една нова, популарна перспектива. Враќање во хотел во ноќните часови. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 15.11.2020): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор со стручен локален водич, каде од друг агол се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот, местото каде истокот и западот се допираат. Понатаму продолжуваме со посета на Цариградската Патријаршија со стручен локален водич. Посета на трговскиот центар Форум, слободно време за купување или можност за индивидуална посета на аквариумот или 4Д симулаторот. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.  

 

5 ден (понеделник – 16.11.2020): БИТОЛА-ОХРИД

Пристигнување во МК во утринските часови.  

 

Цена на аранжманот: 4.940,00 денари

Доплата за еднокреветна соба:30% од износот на аранжманот  

 

Цената на аранжманот вклучува:

 - Автобуски превоз на горенаведената релација

 - 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Аксарај

 - Запознавање со Лалели, Бејазит, Капали Чаршија со пратител од агенција

- Посета на трговски центар Форум

- Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

- Посета на Такисм, Ускудар и Девојачката Кула на Босфор – 15€ 

- Пешачки разглед  со локален водич на знаменитостите на Истанбул: Сулејмание, Базилика Цистерна со влезница, Аја Софија, Султанахмет, Сината Џамија, Топ Капи Палата (до музеите), Египетски Пазар – 20€ 

- Посета на Кадикој и Ортакој – 15€ по лице

- Крстарењето по Босфор со локален водич – 15€

- Индивидуално патничко осигурување

 

Напомена:

 За патување во Труција, пасошот мора да има важност минимум 6 месеци од денот на враќањето.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Патувањето се одвива во согласност со сите протколи за превенција од Covid-19 во меѓународниот превоз. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

1111

Leave a comment

You are commenting as guest.