mksqhrendeelrusr

НОВИ САД СО ПРЕВОЗ ОД ОХРИД
3.0/5 rating (8 votes)

НОВИ САД

10.10.2024-11.10.2024

ДЕН 1. 10.10.2024 Состанок на групата на бензиска пумпа Лукоил во 20:30. Поаѓање за Нови Сад во 21:00. Патот води преку Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје и граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи.

ДЕН 2. 11.10.2024 Пристигнување во Нови Сад во раните утрински часови. Денот го започнуваме со разглед на Петроварадинска тврдина – втора по големина во Европа, вистинско ремек дело во системот на фортификација. Тунелот низ кој поминувал познатиот воз Ориент Експрес, силни ѕидови кои не се спротиставуваат на времето, мински полиња, пијан сат .... се само дел од атракциите на оваа мистериозна тврдина. Потоа следи панорамски разглед на Нови Сад каде што ќе имаме можност да го видеме универзитетскиот град, куќата во која живеел најпознатиот новосадски зет Алберт Ајнштајн со својата сопруга Милева Марич Ајнштајн, фудбалскиот стадион, каде што често се вжештува атмосферата, најпознатиот новосадски пазар „Футај“, модерните булевари и уште многу повеќе. Потоа следи кратка пешачка тура со посета на најубавиот историски дел кој го красат: централниот градски плоштад Слобода со впечатливи градби, најстарата куќа во градот „ Кај белиот Лав“, Владичкиот двор со Соборната Црква, главното градско шеталиште Змеј Јовина и Дунавска улица, зелената оаза на мирот Дунавски парк ... Пауза за слободно време. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Во 20:00 ч. организирана свечена вечера во ресторан, со богато мени и тамбураши (факултативно). Ноќевање. 

ДЕН 3. 12.10.2024 Појадок. Во 09:30 поаѓање за Палич и Суботица . Посета на напознатата винарија во Србија, винаријата Звонко Богдан проследено со интересна приказна и дегустација на вино. Потоа следи посета на Палич – езерото, раскошните паркови, необични градби од почетокот на XX век , нескојдневниот мир и тишина го прават Палич идеално место за одмор и релаксација. По разгледот на Палич се упатуваме во посета на Салаш со богата програма и вклучен ручек. По посетата на салашот продолжуваме за шармантната Суботица, каде што ќе имаме пешачки разглед на градот проследено со интересна приказна и посета на Корзо – познато шеталиште кое потсеќа на некое минато време, плоштад Слобода, Градската куќа која претсавува симбол на градот, споменикот на царот Јован Ненад, народен театар, градска библиотека, Синагогата која претставува право ремек дело, познатата Сина фонтана – бисер на градот и оаза на свежината и релаксација, палата Рајхл... Пристигнување во Нови Сад околу 18:00ч. Слободно време. Ноќевање.

ДЕН 4. 13.10.2024 Појадок. Одјавување од хотел. Во 10:00 поаѓање за Сремски Карловци,  живописното гратче со прекрасно културно наследство. Туристички разглед на градот во кој се наоѓа најстарата гимназија, како и најстарата богословска школа со прв оддел пчеларство во Европа. Посета на позната винарија, каде што ќе имаме дегустација на вино Бермет, десертно вино и можност за да купување на истото. После кратка пауза патот продолжува за Белград. По пристигнувањето во Белград - главниот град на Србија, сместен на местото каде силниот Дунав ја љуби дивата Сава, на граница помеѓу исток и запад, на местото каде се судирале цивилизациите, рушен до темел десетици пати, денес е центар кој го посетуваат сите љубители на гастрономија, култура и ноќен живот. Можност за посета на гробот на Тито. Посета на величенствената Свети Сава – најголемиот православен храм на Балканот, потоа се упатуваме кон Кнез Михаилова - пешачка зона, трговски центар и улица заштитена со закон како едно од најстарите и највредните знаменитости на Белград, со голем број претставителни згради и урбани куќи изградени кон крајот на 70- тите години на XIX век. Планирано поаѓање за Македонија во 17:00ч. Пристигнување во Охрид во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 155 евра

Цена за рани резервации до 31/05/2024: 145 евра

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз со високотуристички автобус на дадена релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Разглед на Пертоварадинска тврдина со локален туристички водич
  • Разглед на Нови Сад со локален туристички водич
  • Посета на Сремски Карловци и разглед на градот со локален туристички водич
  • Посета на Белград
  • Организација и водство на аранжманот

 

Цената не вклучува:

  • Организирана свечена вечера во ресторан со богато мени и тамбураши – 30 €
  • Посета на Палич, Винарија Звонко Богдан, посета на Салаш со вклучен ручек и Суботица – 50 €
  • Разглед на Свети Сава
  • Музеј Југославија
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци

Напомена: Калкулацијата е правена на минимум 40 патници. Со оглед на постојаните покачувања на цените на пазарот, агенцијата го задржува правото за промена на цената!

  • Пријавување на факултативи во агенција!

Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на факутативните излети.

5174

Leave a comment

You are commenting as guest.