НАФПЛИО-ЕПИДАВРОС-ПОРОС со превоз од Охрид
🏛️ 4-ДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА
НАФПЛИО – ДРЕВНА ЕПИДАВРОС – ПАЛАМИДИ – ГАЛАТАС – ПОРОС – НАВПАКТОС
🕐 1 Ден – Вторник, 30 Декември:
Собирање рано наутро на граничниот премин Ники и поаѓање кон Нафплио.
Со неопходни паузи за одмор и со уживање во величествениот поглед од Каналот на Коринт, пристигнуваме попладне во прекрасниот град Нафплио – еден од најживописните и најисториските градови на Грција.
Неговата безвременска убавина, камените улички, и прошетките по Акронафплија го прават еден од најинтересните дестинации во земјата.
По сместувањето во хотелот, следува слободно време за ручек, прошетка и кафе во градот.
🛏️ Ноќевање 1.
🕐 2 Ден – Среда, 31 Декември:
По појадокот во хотелот, ќе ја започнеме нашата тура со посета на Епидаврос, каде ќе го разгледаме античкиот театар и археолошкиот музеј со локален водич.
Потоа ќе продолжиме кон Паламиди, стариот замок-крепост каде што бил затворен Теодорос Колокотронис.
После тоа се враќаме во Нафплио, каде ќе ја посетиме црквата на Свети Спиридон, пред која бил убиен Јоанис Каподистријас, ќе го видиме неговиот дом како и спомениците на Баварците, Колокотронис и француските филелини.
После тоа се враќаме во хотелот и слободно време за одмор.
Вечерта ќе имаме факултативна новогодишна прослава во Нафплио
🛏️ Ноќевање
🕐 3 Ден – Четврток, 1 Јануари:
Прв ден во Новата Година
По појадокот, поаѓање кон живописното гратче Галатас, од каде што ќе се качиме на бродче за прекрасниот остров Порос.
Порос е остров што комбинира величественост и мир, со густа вегетација и тиркизно море – вистински бисер на Саронскиот залив.
По пристигнувањето, ќе имаме слободно време за прошетка, ручек и кафе.
Потоа се враќаме со брод до Галатас и од таму кон Нафплио. Се враќаме во хотел, вечерта слободна вечер за индивидуален разглед....
🛏️ Ноќевање
🕐 4 Ден – Петок, 2 Јануари:
По појадокот во хотелот, кратка прошетка низ Нафплио и потоа поаѓање кон Навпактос.
Таму започнува разгледот на замок-градот на Коринтскиот Залив, историски предел што ги пречекува посетителите со своите планински села, густи шуми и кристално чисти плажи.
Ќе ја видиме мостот Рио – Антирио, едно од најимпресивните инженерски дела на Грција. Во попладневните сати се упатуваме кон МК
✨ КРАЈ НА ЕКСКУРЗИЈАТА
💰 Цена:255€ по лице
во двокреветна соба со појадок
✅ Во цената е вклучено:
- Превоз со луксузен климатизиран туристички автобус
- 3 ноќевања во Hotel Rex во Нафплио со појадок
- разглед на Епидаврос со локален водич
- Разгледи и посети според програмата
❌ Во цената не е вклучено:
-Новогодишната вечер?
-трансфер од Охрид 10 евра
-Бротчето до островот -10 еур
-Влезници за музеи и археолошки локалитети
Храна, пијалоци, забава и сè што е наведено како факултативно или препорачано
ℹ️ Забелешка:
Редоследот на програмата може да се промени без да се изостави ниту една посета.
133