Мадрид со авион
МАДРИД – Нова Година 2026
30.12.2025 – 03.01.2026 | 4 ноќи – 5 дена | Групно патување
Авионска програма – директен лет од Скопје ✈
Авионски лет: Wizz Air (Скопје - Мадрид - Скопје)
Поаѓање: 30.12.2025 во 16:05ч. (Скопје)
Пристигнување: 30.12.2025 во 20:00ч. (Мадрид)
Услуга: 4 ноќевања – 4 BB
Сместување (услуга) 4 ноќи во хотел 4*
Друго вклучено: Трансфери + paзглед според програма + претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 04.01.2026 во 00:15ч.
Мадрид е град на светлината, уметноста и страста. Го нарекуваат „град што никогаш не спие“, „кралската престолнина“ и
„душата на Шпанија“. Овој космополитски мегалополис обединува повеќе од осум века историја, традиција и модерност во
совршена хармонија.
Мадрид е дом на шпанското кралско семејство и симбол на државната моќ, но истовремено и културно срце на земјата.
Неговите широки авении, импресивни плоштади и архитектурата што се движи од барок до модерна го прават препознатлив
и неповторлив. Живописните улици, пулсирачките ритмови на фламенкото, аромата на тапас и неизмерната енергија на
локалците ја претвораат секоја прошетка во незаборавно искуство.
Мадрид, градот на сонцето и емоциите, е место каде што историјата и современиот живот дишат во ист ритам – со стил,
топлина и страст што можат да се почувствуваат само тука.
• • •
30.Декември (вторник) СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Лет за Мадрид W6 4815 во 16:05ч. Пристигнување во Мадрид во 20:00 часот.
Трансфер до хотелот. Превземање на собите и сместување. Ноќевање.
31.Декември (среда) МАДРИД (Панорамски разглед)
Појадок. Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич: Мадрид е основан од Арапите во 9 век за да служи
како одбрана за тогашниот главен град на Шпанија - моќниот Толедо. Два века подоцна, бил освоен од христијаните, а во 1561 година,
поради одличната положба, кралот Филип II го направил свој главен град. Денес, Мадрид е космополитски главен град на традицијата и
забавата. Град на уметнички галерии и музеи исполнети со богатства од шпанската историја: Прадо, најважниот музеј во Шпанија; Реина
Софија, уметнички музеј од 20 век, во кој, меѓу другото, се наоѓа и познатата „Герника“ на Пикасо; Музејот Тисен-Борнемица, кој ја
претставува историјата на западната уметност, од италијанската и фламанската до експресионизмот и поп-артот. Шпанскиот плоштад, со
масивен обелиск посветен на писателот Сервантес и ликовите од неговиот познат роман „Дон Кихот“. Гран Виа, главната сообраќајна
артерија на модерен Мадрид, фантастичен пример за архитектурата од 20-тите и 30-тите години на минатиот век во кој можете да го
видите хронолошкиот развој на градот до модерните солитери. Оваа улица е и моден центар со бројни мегапродавници. Египетскиот храм
Дебод од 2 век п.н.е., кој државата Египет ѝ го подарила на Шпанија како знак на благодарност за помошта во спасувањето на други
споменици. Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа. Пуерта дел Сол или Порта на Сонцето, плоштад на кој
доминира големата статуа на исправена мечка потпрена на дрво, што е заштитен знак и симбол на градот. Пуерта де Алкала или
Триумфална порта, катедралата Алмудена...Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, можност за Новогодишна прослава
на некој од плоштадите во Мадрид. Ноќевање.
01.Јануари (четврток) МАДРИД-ТОЛЕДО
Појадок. Можност за факултативна екскурзија до Толедо (околу 70 км), градот на музеите, некогашен главен град на Шпанија, кој е под
заштита на УНЕСКО. Велат дека во Шпанија има позначајни и поубави места, но ниту едно не е поромантично и поживописно од Толедо.
Поглед од платформата за набљудување со цел да се овековечи бајковитиот поглед на овој град во кој доминира стилот познат во Шпанија
како „платареск“, комбинација од готика и ренесанса карактеризирана со разиграни декорации на столбовите и фризовите на зградите.
Панорамски разглед на: Катедралата, некогашно седиште на католичките кралеви; манастирот Сан Хуан де лос Рејес од крајот на 15 век
кога поголемиот дел од еврејското население било протерано од Толедо, потоа имало 11 активни синагоги, денес преостанатите две се
претворени во музеи, Синагогата дел Транзито и Санта Марија ла Бланка попозната како „белата“ синагога, црквата Св.Тома, во која се
наоѓа ремек-делото на Ел Греко „Погребувањето на грофот од Оргас“. Враќање во Мадрид. Слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
02.Јануари (петок) МАДРИД (San Lorenzo de El Escorial & Valle de los Caídos)
Појадок. Можност за факултативен разглед на Манастирот Сан Лоренцо де Ел Ескоријал и Долината на паднатите. Првата станица ќе
биде Кралскиот манастир Сан Лоренцо де Ел Ескоријал, заштитен од УНЕСКО како светско наследство. Тука, ќе се вратиме во времето
во 16 век, поточно во времето на кралот Филип II, за да дознаеме зошто оваа област на Сиера де Гвадарама била избрана за изградба на
оваа свечена градба.
Додека шетаме низ различните простории на манастирот, ќе дознаеме многу интересни факти за овој импресивен споменик. Ќе посетиме
неколку простории на Хабсбуршката палата, ќе го посетиме пантеонот и ќе ја видиме симболичната библиотека на Кралскиот манастир
Сан Лоренцо де Ел Ескоријал. Следно, ќе се упатиме кон базиликата Долина на паднатите, врежана во карпа каде на врвот има масивен
крст висок над 100 метри. Додека пристапуваме до нејзината внатрешност и ги посетуваме нејзините капели, ќе се вратиме во историјата
во Шпанската граѓанска војна за да дознаеме за потеклото на овој контроверзен споменик. Враќање во Мадрид. Слободно време за
индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
03.Јануари (сабота) МАДРИД-СКОПЈЕ
Појадок. Одјава од хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Мадрид. Ви предлагаме да го посетите музејот
Прадо, кој е еден од најбогатите музеи во светот, со најдобрата колекција на дела од познати шпански уметници: Ел Греко, Гоја, Веласкез...
Трансфер до аеродромот во Мадрид во 17:00ч. Лет за Скопје W6 4816 во 20:45ч. Пристигнување во Скопје во 00:15 часот, наредниот ден
04.01.2026 рано наутро.
• • •
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
✓ Авионски превоз на релација: Скопје - Мадрид - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси
✓ 4 ноќевања со појадок во Мадрид, Хотел Luze Castellana 4* (https://www.luzehoteles.com/en/luze-castellana/)
✓ Панорамски разглед на градот Мадрид со локален водич и организиран превоз
✓ Рачна торба (20x40x30cm), до 10кг.
✓ Oрганизирани трансфери во Мадрид: аеродром - хотел - аеродром
✓ Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Здравствено - патничко осигурување
Туристичка такса: 3-5€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
Факултативна посета на Толедо со локален водич и приватен трансфер - 60€
Факултативна посета на Сан Лоренцо де Ел Ескоријал и Долината на паднатите, со локален водич и приватен
трансфер - 60€ (не вклучува влезница за Сан Лоренцо - 14€ и базиликата Долина на паднатите - 9€)
Влезници за културно-историските споменици
Забелешки:
• За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
• За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници.
• За резервации потребен е аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и
други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските
билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат
во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на
аранжманот.
• За овој аранжман важат Општите услови за патување.
МАДРИД – НОВА ГОДИНА
ХОТЕЛ 4*
Авион + 4ВВ + трансфери + Разглед
Период на патување 30.12.2025 – 03.01.2026
(Вторник – Сабота)
Услуги BB (Ноќевање со појадок)
Денови / ноќевања 5д / 4н
РАН БУКИНГ Цена по лице во двокреветна соба со вклучен разглед на градот 619 € / 38.378 мкд
Регуларна цена по лице во двокреветна соба со вклучен разглед на градот 649 € / 40.238 мкд
Доплата за еднокреветна соба 248 € / 15.376 мкд
33