ИСТАНБУЛ СО ПРЕВОЗ ОД ОХРИД
ИСТАНБУЛ НОВА ГОДИНА 2026
1 ден 30.12.2025 МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА
Поаѓање во попладневните часови во договрено време . Ноќно возење преку Грција , гранични формалности и попатни паузи...
2 ден - 31.12.2025 ИСТАНБУЛ - КАПАЛИ ЧАРШИЈА - ХИПОДРОМ - СВ. СОФИЈА - СИНА ЏАМИЈА
Планирано е пристигнување во Истанбул во раните претпладневните часови. Потоа одиме кон хотелот да го оставиме багажот (регуларно check in е после 14 часот) . По кратка пауза, со локалниот водич започнуваме со пешачка тура и разглед на Истанбул кон најпознатиот затворен пазар Капали Чаршија. Слободно време за индивидуален разглед. Продолжуваме на посета на Хиподромот, Света Софија (само однадвор) и Сината Џамија. Слободно време за кафе, ручек, разглед...
Се враќаме во хотелот во договорено време.
Слободно време за одмор и припрема за Новогодишната ноќ, на отворено на еден од плоштадите во Истанбул.
СРЕЌНА НОВА 2026 Г.
Ноќевање.
3 ден 01.01.2026 КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР - ЕГИПЕТСКИ ПАЗАР - ПЈЕР ЛОТИ - БАЛАТ
Појадок. По појадокот на првиот ден од Новата година со локален водич се упатуваме на незаборавно Крстарење по Босфор - да доживееме еден поинаков Истанбул со целиот негов раскош виден од вода. Продолжуваме кон познатиот Египетски пазар - Мисир чаршија, за да може да ги видите и вкусите сите бои и мириси на истокот и западот. Можност за шопинг, да се испие најубавото турско кафе или да се ужива во познати турски специјалитети: ќунефе , катмар, турски чај или да пробате од познатиот превкусен ˮ Турски МекДоналдсˮ сендвич со свежа печена риба во лепче... Потоа продолжуваме кон видиковецот Пјер Лоти каде ќе ја слушните љубовната приказна за една неостварена љубов. Пристигнуваме со жичара. Тука го има највкусното кафе припремено на жар со прекрасен поглед кон Златниот рог - Халич - почетокот и крајот на Босфорот , ѓозлеме, традиционални турски чајџилници, лимонада ... Потоа се упатуваме кон областа Балат, позната по своите шарени куќи и тесни улички, со прекрсни стилски мали кафетерии.
Организирано се враќаме во хотел.
Во договор со групата факултативна можност за организирана вечера со богата забавна ориентална програма на брод.
Ноќевање.
4 ден 02.01.2026 ИСТАНБУЛ - ОРТАКОЈ- КАДИКОЈ- ТАКСИМ - ГАЛАТА КУЛА
Појадок. По појадокот се упатуваме кон познатата област Ортакој која се наоѓа под првиот висечки мост. Позната е по вкусниот полнет компир, слатки вафли, кафетерии и сувенирници... Слободно време да уживате и да направите прекрасни фотографии. Потоа продолжуваме кон најстарата населена област Кадикој - позната по малите тесни улички полни со продавници, ресторани, кафетерии. Ќе го видиме и Бикот кој што е симбол на оваа област, бил изработен во Англија и донесен и поставен во 1860 година во чест на 31-виот Султан Абдул Меџит кој што ја изградил Палатата Долма Бахче. Слободно време за индивидуален разглед.
Во договорено време се упатуваме кон плоштадот Таксим, прошетка по познатата улица Истиклал која е долга 2 км, од двете страни со продавници на познати марки, слаткарници, ресторани, кафетерии... Денешната екскурзија завршува со посета на Галата Кула. Во вечерните часови се враќаме во хотелот.
Ноќевање.
5 ден 03.01.2026 ИСТАНБУЛ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот се одјавуваме и се упатуваме кон позната продавница за турски слатки специјалитети: баклави, локуми, овошни и чоколадни бонбони, сувенири, чаеви, разни креми за разубавување и креми за болки по поволни цени.
Потоа се упатуваме кон познатиот Трговски Центар ФОРУМ ИСТАНБУЛ. Во непосредна близина се и продавниците Декатлон и Икеа. Попладне се упатуваме кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Македонија рано наутро следниот ден.
ПРОМО ЦЕНА: 149 еур ( со уплата до 20.12.)
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 еур
Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација
- Сместување во хотел во Лалели, 3 ноќевања со појадок
- Локален туристички водич за време на сите разгледи
- Туристички пратител за време на патувањето
- Организација и водство на аранжманот
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса - 6 еур
- Факултатива: Капали Чаршија, Св. Софија и Сина Џамија ( првиот ден) - 10 еур
- Ортакој, Кадикој, Таксим и Галата кула - 30 еур
- Крстарење по Босфор - 20 еур
- Пјер Лоти, Мисир Чаршија и Балат - 15 еур
- Новогодишна прослава на плоштад - 10 еур
- Факултативна турска вечер со богата програма на брод ( вечера + неограничено безалкохолен пијалок) - -- еур
- Доплата за повратен трансфер од Струга, Охрид и Ресен - 5 еур
Вкупна факултатива: 75 еур
НАПОМЕНИ:
-Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Ако бројот на патници е помал од предвидениот, патниците ќе бидат известени за промена на типот на превозното средство или евентуално промена на цената.
– Факултативните излети може да претрпат промена во редоследот на изведувањето или промена на деновите во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже.
- За изведување на факултативните излети е потребен е определен минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената на екскурзијата, или во краен случај да ја откажи.
- Доплата за еднокреветна соба 80 еур.
- Агенцијата не одговара за исправноста на документите на патниците
- Важност на патните исправи најмалку уште 6 месеци од денот на враќање
25