Истанбул
Прв ден – Среда 30.12.2026
Средба на групата на паркингот пред спортска сала Боро Чурлевски во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење преку Грција, попатни паузи и царински формалности.
Втор ден – Четврток 31.12.2026
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Багажот се остава на рецепцијата во хотелот и во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија ,Аја Софија и Сината џамија.После разгледите слободно време за индивидуални прошетки и разгледи и враќање во хотелот. Сместување во собите. Вечерта дочек на Новата година со новогодишна програма и вечера на брод .
Трет ден – Петок 01.01.2027
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. Незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме населбата Кадикој на азиската страна . Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. . Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка.
На враќање одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени. Враќање во хотел.
Четврт ден – Сабота 02.01.2027
По појадокот, се поаѓа за едно од најпосетуваните места во Истанбул – видиковецот Пиер Лоти каде се искачуваме со жичара а слегуваме пешки. По разгледот можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството. Враќање во хотел. Во вечерните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање . Враќање во хотел.
Петти ден – Недела 03.01.2027
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и поаѓање за познатиот трговски центар VENEZIA Mega OUTLET Истанбул. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки.Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Битола во утринските часови во понеделник.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 149 евра ПРОМО
169 евра РЕДОВНА
Во цената е вклучено :
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел
- Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
- Посета на трговскиот центар VENEZIA Mega Outlet Истанбул
- Лиценциран туристички пратител за време на престојот
- организација на аранжманот
Во цената не е вклучено :
- Задолжително патничко осигурување 350 денари по лице
- Задолжителна доплата за туристичка такса 1,5 евро по лице од ден
- Трансфер Охрид - Битола - Охрид - 10 евра
Факултативни излети:
- Крстарење по Босфорот – 20 евра
- Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој и Ортакој – 20 евра
- Ноќен Истанбул со посета на Таксим и Галата кулата– 20 евра
- Пиер Лоти , Балат и Вселенската патријаршија, – 10 евра
- Дочек на Нова година на брод на Босфорот со вечера – 95 евра
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:
PREMIUM – 65 евра
- Панорамски разглед на европски Истанбул и населбата Ортакој
- Панорамски разглед на азиски Истанбул со населбата Кадикој
- Крстарење по Босфорот
- Ноќен Истанбул со посета на Таксим и Галата кулата
- Пиер Лоти, Балат и Вселенската Патријаршија