Сараево
30.12.2026 – Собир на групата во 17.45 часот на паркингот пред Спортската сала . Поаѓање за Сараево во 18:00 часот . Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово. Граничен премин Табановце. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.
31.12.2026 –Во утринските часови пристигнување во Вишеград . Разглед на Мостот на Дрина . Факултативно крстарење со брод по реката Дрина. Посета на Андриќград изграден по иницијатива на познатиот режисер Емир Кустурица. Во договорено време се поаѓа за Сараево .По пристигнувањето се оди во хотелот. Доколку се спремни собите се сместуваме и има кратка пауза, во спротивно се продолжува веднаш со локалниот водич по програма. Се упатуваме во центарот на Сараево на пешачка тура со локален водич каде ќе ги посетиме познатата Башчаршија ,Себиљ, Мостовите на Миљацка…. Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Вечерта дочек на Новата година. Ноќевање.
01.01.2027 Појадок. По појадокот целодневна факултативна екскурзија во Мостар. Попатна посета на Јабланица и Мостот на Неретва каде се водела Битката за ранетите. Продолжуваме до едно од најубавите места во Босна и Херцеговина oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНЕ, изворот на реката Буна. Овде се испреплетуваат историјата, архитектурата и природата. Ова место е уникатен природен и архитектонски музеј. Изворите го хранат коритото со чиста и студена вода, а објектите кои се надраснуваат над водата се изградени уште од 15-ти век, што на ова место му дава културно значење. По разгледот одиме за МОСТАР. Мостар е познат како најтоплиот град во поранешна Југославија Изграден е на двата брега на реката Неретва. Прошетки и разгледи низ стариот дел на градот, чаршијата, “Стариот мост” . Слободно време за ручек во некој од многубројните ресторани изградени во етно стил . Во договорено време се враќаме назад во Сараево. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи во Сараево Ноќевање.
02.01.2027 – Појадок.Одјавување од хотелот . Факултативна посета на Врело Босна, еден од најубавите споменици на природата во Босна, сместен во Илиџа , во подножјето на планината Игман. Се состои од повеќе мали островчиња поврзани со мостови преку бројните мали потоци. Во паркот се наоѓаат доста животни како пајки и лебеди. Во паркот има ресторани, фијакери и други занимливости за посетителите.
По договорено време се упатуваме кон Босанските пирамиди. Во 2005 година Др Семир Османагиќ доаѓа до сензационално откритие дека околните ридови кај градот Високо се со правилни форми на пирамида. Ридот Височица го нарекол босанска „Пирамида на сонцето“ (со висина од 220 метри, тој е поголем од Кеопсовата пирамида), а ридот Плешевица станал „Месечината пирамида“ (190 метри). Долината на пирамидите ги вклучува и 90-метарската „Змејска пирамида“ (Бучи), висините на „Храмот на Мајката Земја“ (Крстач) и „Пирамидата на љубовта“ (Чемерак).
По посетата се упатуваме кон Македонија. Патниците кои не доаѓаат на оваа факултатива ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево.
Пристигнување во Македонија во утринските часови.
Цена – 125 еur
Во цената е вклучено
- Сместување во хотел 4* во Сараево / 2 ноќевања со појадок
- Превоз на дадената релација (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)
- Лиценциран туристички придружник за време на целото патување
- Разглед на Сараево со локален водич
- Посета на Вишеград
- Посета на Андриќград
Во цената не е вклучено
- Патничко осигурување
- Туристичка такса 2 евра по ден по лице, се плаќа во агенција.
- Трансфер Охрид - Битола - Охрид - 10 евра
- ФАКУЛТАТИВА МОСТАР, ЈАБЛАНИЦА, ВРЕЛО БУНЕ– 60 eur
- ФАКУЛТАТИВА БОСАНСКИ ПИРАМИДИ, ВРЕЛО БОСНЕ– 35 eur
- КРСТАРЕЊЕ по Дрина во Вишеград – 10 eur