mksqhrendeelrusr

Острошки Манастир
4.3/5 rating (4 votes)

Манастирот на Острог е манастир на Српската православна црква сместена речиси вертикално, високо во големата карпа на Острошка Греда во Црна Гора. Манастирот е посветен на Свети Василиј Острог, кој е погребан тука. Според приказните од верниците, со молење многумина се излекувани и им се намалени тешкотиите во нивните животи. Манастирот има прекрасен поглед кон рамнината. Воедно, манастирот Острог е најпопуларно место за аџилак во Црна Гора.

1 ДЕН: ОХРИД – БУДВА

Состанок на групата пред  бензиска пумпа Лук Оил во 23:40 часот. Поаѓање за Црна Гора во 23:50 часот преку Струга и граничен премин Ќафасан. Ноќно и денско патување со попатни паузи и царински формалности.

2 ДЕН: БУДВА – ОСТРОГ

Пристигнување во Св.Стефан можност за панорамски разглед на најлуксузното летувалиште на Јадранот, потоа се патува до Будва. Слободно време за разглед на Стариот град, слободно време за кафе, шопинг и други индивидуални активности. Во договорено време поаѓање према ОСТРОШКИ МАНАСТИР. По пристигнувањето по желба искачување до Манастирот пешки или трансфер со локален минибус, сместување, разглед на Горниот Манастир. Присуство на попладневната служба и поклонување на моштите на Св.Василиј Острошки. Ноќевање во конак или во дворот на манастирот.

3 ДЕН: ОСТРОГ- ДРАЧ – ОХРИД

Присуство на утринска служба во горниот или долниот манастир. По службата напуштање на манастирот и заминување за Драч - најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Драч всушност е најстариот град во Албанија чии зачетоци се уште во антиката. Уживање во медитеранската клима на градот и слободно време за разглед и индивидуални прошетки. Состанок на групата во попладневните часови и поаѓање за Охрид. Пристигнување во ноќните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  1900.00 мкд. 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • Oрганизација, водство и реализација на аранжманот
  • Разглед на Будва, Острошки Манастир, Драч
  • Пратител на групата

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезници за индвидуални посети или активности
  • Патничкото осигурување
  • 1 евро туристичка такса за манастирот
  • Трансфер до Горниот Манастир со локално комбе 1 евро по лице

 

НАПОМЕНА!!!

– За реализација на овој аранжман се потребни минимум 35 патници.

– Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.

 

 

2052

Leave a comment

You are commenting as guest.