mksqhrendeelrusr

ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
0.0/5 rating (0 votes)

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Т.A Елида ТУРС од Охрид, отсекогаш се залага да ја почитува вашата приватност во големи мери, и сме тежнееле кон поголема ниво за заштита на Вашите лични податоци, во согласност со Законот за заштита на лични податоци, како и подзаконските акти за чија намена и се донесени согласно Законот за заштита на лични податоци.

Оваа политика на приватност (во понатамошниот текст- правилник) за заштита на Вашите лични податоци е со цел да Ве информираме за која цел ќе бидат прибавени Вашите податоци, како ќе се употребуваат, како и кои се Вашите права во врска со Вашите податоци кои ќе ги чуваме и применуваме.

 

Притоа,  Т.A Елида ТУРС - Охрид, се обврзува дека Вашите собрани лични подаотци кои ќе ни ги доверите, ќе бидат сихронизирани и употребени согласно овај Правилник, и истите нема да се продаваат, злоупотребуваат и да бидат позајмени или пренесувани на трети лица, освен во случаи кои се дефинирани со овај Правилник како и со Ваша претходна согласност.

Политиката на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите задачи и овластувања.  

За заштита од неовластен пристап и користење на личните податоци на своите корисници и субјектите за кои чуваме/обработуваме податоците, Т.A Елида ТУРС, ги презема сите потребни технички и организациски мерки, согласно Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр.42/20)  и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци.

 

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор/обработувач на личните податоци е ЕЛИДА експорт-импорт ДООЕЛ ОХРИД.

Личните податоци ги обработуваме во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и подзаконските акти.

 

Кои лични податоци се собираат?

Личните податоци ги собираме за конкретни, јасни и законски утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со  Законот за заштита на лични податоци. Податоците кои се собираат се лични податоци:

  • На вработени лица;
  • На надворешни соработници;
  • На клиенти;
  • Други лица.

 

Како  ги собираме личните податоци?

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • Преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги и формите за аплицирање;
  • Преку нашиот е-mail,
  • Преку пошта;
  • По факс;
  • Телефон и
  • Усмено.

Вашите податоци ги обработуваме за  конкретни, јасни и легитимни цели, во обем потребен за остварување на целите на обработката и нема да ги обработуваме Вашите лични податоци на начин што е спротивен со тие цели.

 

Категории на податоци кои се обработуваат:

  • Податоци за лична идентификација на вработени (име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ; трансакциска сметка, е-пошта, телефонски број, датум на раѓање...)
  • Лични податоци на надворешни соработници (име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ; трансакциска сметка, е-пошта, телефонски број, датум на раѓање, или за фирми: назив на друштвото, седиште на друштвото, ЕДБ, трансакциска сметка, е-пошта, телефонски број..)
  • Лични податоци на клиенти ( пр: име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ; трансакциска сметка, е-пошта, телефонски број, број на пасош и лична карта);
  • Други лични податоци (пр: број на договор за продажба што сте го склучиле со нас, услуга и слично, број на фактура, датум на фактура и сл);
  • Информации за маркетинг, доколку сте дале согласност за маркетиншка обработка (пр: вид на маркетинг активност во која сте биле вклучени, датум на контакт, податоци собрани на веб-страници и/или во мобилни апликации).

 

Основ за обработка на личните податоци

Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, Вашите лични податоци може да бидат обработени ако:

  • Сте ни дале согласност за обработката, која имате право да ја повлечете во било кое време; или
  • Обработката е неопходна за извршување на договор во кој Вие сте договорна страна или за да се преземат активности на Ваше барање пред Ваше пристапување кон договорот; или
  • Обработката е неопходна за целите на наш легитимен интерес, без да се наруши вашето право на приватност и доверливост, а за постоењето на ваков легитимен интерес, ќе Ве известиме во врска со конкретната обработка;
  • Обработката е потребна за исполнување на наша законска обврска (за што ќе Ве известиме пред обработката).

 

Пренесување на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • Во случај на ангажирање на даватели на услуги кои Т.A Елида ТУРС ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на друштвото и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • По барање на орган на државна власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не.
  • На други корисници врз основа на нивно барање (адвокати, нотари...), согласно закон.

 

Кој има пристап до Вашите податоци?

Во нашата туристичка агенција, пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта  на обработката.

 

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката.

Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:

  • Времетраење на договорот (доколку имате договор со нас);
  • Времето потребно за обработка на барањето или жалбата (доколку е поднесена жалба);
  • Наши законски или договорни обврски.

Некои од Вашите лични податоци потребно е да ги чуваме во архивите за да можеме да одговориме на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони, за кој имате право да барате увид за Вашите лични податоци во секое време.

Доколку имате договор со нас, Вашите лични податоци се чуваат согласно рокот кој е определен во договорот што ги имате скулчено со нас.

 

Кои права имате како субјекти на лични податоци?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • Право да бидете информирани за обработката на личните податоци (право да бидете информирани дали се обработуваат ваши податоци и за какви цели, нашите легитимни интереси, корисниците на кои се пренесуваат...);
  • Право на пристап до личните податоци (имате право да барате информација за какви цели се обработуваат Вашите лични податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, предвидениот рок,...);
  • Право на исправка и бришење на личните податоци (ако најдете грешки во вашите лични податоци или ако тие се нецелосни или неточни, може да побарате да ги исправиме неточните или дополниме нецелосните лични податоци);
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци (под услови утврдени со закон, можете да побарате ограничување на Обработката на вашите лични податоци);
  • Право на приговор (имате право во секое време согласно важечкиот закон да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци, како и приговор на обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг);
  • Право на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци во секое време (доколку сте дале согласност за обработка на личните податоци).

 

Право на поднесување на барање до АЗЛП  

Ако сметате дека начинот на кој друштвото ЕЛИДА експорт-импорт ДООЕЛ ОХРИД ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно Законот за заштита на личните податоци.

 

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

 

Заштита од злоупотреби

Друштвото ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап како и од нивна злоупотреба, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област.

Вашите лични податоци може да бидат обработени од трето лице – Обработувач само под услови предвидени со закон и само ако тој се согласи да ги примени истите технички и организациски безбедносни мерки.

2391

Leave a comment

You are commenting as guest.