mksqhrendeelrusr

САРДИНИЈА ЛЕТО 2026
5.0/5 rating 1 vote

Сардинија е една од најексклузивните дестинации на европската туристичка мапа.  Ексклузивноста на островот првенствено се карактеризира со неверојатни плажи со бел песок, кристално море, карпестото крајбрежје и недопрената природа. Покрај прекрасните плажи и чистото море, треба да го посетите и главниот град и најголемиот град Каљари, кој е полн со ресторани, барови и продавници, па урбаната забава е загарантирана. Една од најубавите плажи на островот е Ла Пелоса, која се вбројува во топ 10 најубави плажи во светот. Често е нарекувана “Европски Кариби”, и се наоѓа на само 20 км од градчето Порто Торес кадешто се наоѓа нашето сместување. Вистински симбол на градот Порто Торес е, Арагонската кула се наоѓа веднаш надвор од туристичкото пристаниште. Кулата е висока 14 метри и широка 13 метри, со карактеристична осумаголна форма, и датира од шпанско време.

Плажата Балаи е мал залив карактеризиран со плитко песочно дно со интензивно сини води. Од двете страни на брегот се издигаат високи карпи каде што најхрабрите обично се искачуваат и покажуваат акробатски скокови. Околу плажата е навистина зелена градина од палми и цвеќиња.

Со малата црква Балаи во позадина ќе се чувствувате како во разгледница!

Плажата  Ла Пелоса е заштитена од силни ветрови со островот Асинара, обезбедувајќи топло и удобно време долж крајбрежјето во текот на целата година. Сезоната започнува во мај и се протега до крајот на октомври, а врвот на туристичката активност е во јули и август. Пристапот до плажата е едноставен од градот Стинтино на северозапад од Сардинија, со шатл-автобуси кои обезбедуваат превоз до плажата. Порто Черво, најлуксузното катче на островот Сардинија. Храната на Сардинија е карактеристична за италијанскиот Медитеран, и цените се релативно прифатливи за туристите од регионот. Еспресо во кафуле чини околу 1,2 до 1,5 евра, пица „маргарита“ од 7 до 9 евра, а порција паста околу 10 до 15 евра. Локалните „тратории“ нудат целосно мени за 18 до 25 евра.

 

Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Алгеро, организиран трансфер до хотелот и сместување.

Летот за првиот термин е во 18:10ч од Скопје.

Летот за вториот термин е во 18:10ч од Скопје.

Летот за третиот термин е во 18:10ч од Скопје.

Летот за четвртиот термин е во 19:35ч од Скопје.

Летот за петтиот термин е во 18:10ч од Скопје.

Летот за шесттиот термин е во 19:35ч од Скопје.

 

Овие денови се предвидени за уживање и индивидуални активности.Наша препорака е да ја посетите плажата Ла Пелоса која е една од најубавите плажи на островот и се вбројува во топ 10 најубави плажи во светот. Често е нарекувана “Европски Кариби”, и се наоѓа на само 20 км од градчето Порто Торес кадешто се наоѓа нашето сместување. Плажата е заштитена од силни ветрови со островот Асинара, обезбедувајќи топло и удобно време долж крајбрежјето во текот на целата година. Порто Черво, е најлуксузното катче на островот Сардинија кое исто така не треба да го заобиколите. Посетата е повеќе од препорачана.

 

По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот.

Летот за првиот термин е во 20:50ч од Алгеро.

Летот за вториот термин е во 20:50ч од Алгеро.

Летот за третиот термин е во 20:50ч од Алгеро.

Летот за четвртиот термин е во 22:15ч од Алгеро.

Летот за петтиот термин е во 20:50ч од Алгеро.

Летот за шесттиотт термин е во 22:15ч од Алгеро.

Пристигнување во Скопје

 

ТЕРМИН  :  21/07  - 28/07  =  899 ЕВРА

ТЕРМИН  :  28/07  - 04/08  =  999 ЕВРА

ТЕРМИН  :  04/08  - 11/08  =  1049 ЕВРА

ТЕРМИН  :  15/08  - 22/08  =  949 ЕВРА

ТЕРМИН  :  18/08  - 25/08  =  949 ЕВРА

ТЕРМИН  :  22/08  - 29/08  =  899 ЕВРА

 

Важно

  • Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена;
  • Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци;
  • Сместувањето е во само 1/2 тип на соби (се сместуваат две лица)
  • Доколку се сместат 1 возрасен и 1 дете до 11,99 год се плаќаат две цели промо цени – дополнителен попуст за деца нема.

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања на база на BB ( појадок  ); хотел со 3* во Порто Торес
  • Директен лет на релација : Скопје – Aлгеро – Скопје;
  • Рачен багаж до 8кг – ( Wizz Air димензии 40x30x20 );
  • Трансфер од аеродром до хотел и назад ;

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински и чекиран багаж ( информации и плаќање во агенција);
  • Туристичка такса ( се плаќа на лице место);
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување;
  • Нема еднокреветна соба.
6

Leave a comment

You are commenting as guest.