Вила "Посеидон" Калитеа
3.7/5 rating (12 votes)
Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Вилата нема сопствен паркинг, но на само 30м оддалеченост од Вилата на гостите им е достапен бесплатен паркинг. Вилата располага со трокреветнo и четворокреветни студија.
-Трокреветното студио кое се наоѓа на 3 кат, располага со брачен кревет за две лица, ( потесен од стандардните лежаи) и едно единечно легло. Студиото е опремено со мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет (реновиран), wi-fi, балкон кој гледа странично кон море и кон градина. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
-Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица (потесен од стандардните лежаи) и две единечни стандардни легла. Истите се наоѓаат на
-приземје – студио број 2 (без оградена тераса и реновиран тоалет),
-на трет спрат – страничен поглед на море со број 23,24,25, 26 со реновирани тоалети,
-едно студио на четврти кат со директен поглед на море – со реновиран тоалет – бр.31 и
-едно студио со поглед на градина кое се наоѓа на трет кат – со реновиран тоалет, број 21.
Капацитет на собите е максимум 4 лица. Надвор од овој капацитет може да се смести исклучиво само дете до 3,99год.
На плажа, гратис 2 лежалки и чадор, добива секоја соба почнувајки од 01.06.2025
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
- Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
- Доплата на туристичка такса по соба на ден од 2еур (на лице место)
(напомена: првите два и последните два термина се промо цени и на нив не подложи попуст)
BLACK FRIDAY –7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 04.12.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.12.2024
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
- Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
- Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
- Велес (БП Макоил, Хотел Македонија) – 50еур по лице
- Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
- Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45еур по лице
- Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
- Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
- Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
- Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
- 3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
- 4:00 Скопје (Дрводекор)
- 4:30 Велес (БП Макоил, Хотел Македонија)
- 5:00 Неготино (БП Неготино)
- 6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
- 4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
- 3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
- 2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
- 2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
- 3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
- попустите не може да се комбинираат,
- Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)