mksqhrendeelrusr

Sea View Apartments - Врахос
3.4/5 rating (5 votes)

Вилата се наоѓа во Врахос на прв ред на плажа. Пред неа има бар на плажа со лежалки (кои не се бесплатни, се користат со пијалок или закуска).

Сите апартмани се едноспални, т.е имаат спална соба со еден дупли и еден единечен кревет,  во кујната која е одделена од спалната соба има уште едно легло. Кујната е опремена со прибор за готвење и јадење, мини шпорет со рерна, аспиратор, мал фрижидер, клима (со доплата од 6еур на ден, на лице место) ТВ, сопствен тоалет со туш кадичка, балкон со поглед кон море.

Капацитетот на сите апартмани е за четири возрасни лица + едно дете до неполни 6 год, кое спие со родители

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • За брзината, јачината на интернетот ние како агенција не гарантираме.
  • Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација. Резервација на промо цени се прави со 50% уплата.

Првиот и последните три термина се промо цени и не подложат на попуст

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.12.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.01.2025

-7%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.02.2025

 

Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања и се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Врахос чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Врахос:

  • Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
  • Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -70€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Врахос:

  • Битола (Автобуска станица)-60€ по лице
  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€
  • Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице
  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице

Време на поаѓање за Врахос:

  • 01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • 01:45 h Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) трансфер до Битола
  • 12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
  • 04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на Перон)
  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
  • попустите не може да се комбинираат,
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

1274

Leave a comment

You are commenting as guest.