Мини одмор Крф во јуни
КРФ - ОДМОР ВО ЈУНИ
1 ден: 05.06.2026 МАКЕДОНИЈА - ИГУМЕНИЦА – КРФ
Поаѓање во 23:00 часот. По граничните формалности, продолжување за Игуменица со попатни одмори. Ноќно патување.
2 ден: 06.06.2026 ИГУМЕНИЦА – КРФ
Пристигнување Игуменица во раните утринските часови. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во предпладневните часови. Сместување во студија и апартмани. Слободно време за плажа, капење и индивидуални активности. Во попладневните сати се предвидува факултативна посета на брдото Канони со прекрасен поглед кон Црквата на Богородица Влахерна од каде каде што можеме да го следиме полетувањето и слетувањето на авионите. Можност за уживање во кафе, храна, слатки...После тоа сe враќаме во апартманите. Ноќевање
3 ден: 07.06.2025 ПЛАЖА ГАРДЕНОС - ГРАДОТ КРФ
Планирана факултативна посета на плажата Гарденос. Слободно време за уживање на преубавата песочна плажа. Во попладневните часови се враќаме во Мораитика.
Доцна попладне факултативно се упатуваме кон градот Крф каде што ќе ја посетиме Црквата посветена на Св. Спиридон заштитникот на островот, прошетка низ тесните улички преполни со кафетерии, сувенирници, бутици... Во договореното време се враќаме во Мораитика.
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободно време за индивидуални активности. Ноќевање
Ноќевање
4 ден: 08.06.2026 ПАЛЕОКАСТРИЦА
Планиран факултативен излет до Палеокастрица, живописно место со преубава плажа на северниот дел од островот. Слободно време за одмор на плажа, возење со брод до блиските пештери како едно ново прекрасно искуство или да ручате во некое од прекрасните рибни ресторанчиња покрај море или да се посети Црквата посветена на Пресвета Богородица. Попатно посета на фабриката за производство на кумкуат - плод кој што успева само на островот Крф.
Во доцните попладневни часови враќање во Мораитика.
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободно време за индивидуални активности. Ноќевање
5 ден: 09.06.2026 ГЛИФАДА - ГРАДОТ КРФ
Планирана уште една факултативна преубава екскурзија за прекрасната плажа Глифада, позната како најубава песочна плажа на Островот со златна песок и најпрекрасното зајдисонце.
Доцна попладне заминуваме од Глифада и се упатуваме кон градот Крф , повторно да прошетаме низ тесните улички преполни со кафетерии, сувенирници, бутици... Во договореното време се враќаме во Мораитика.
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободно време за индивидуални активности. Ноќевање
6 ден: 10.06.2026 КРФ - МЕТЦОВО - МАКЕДОНИЈА
Се одјавуваме од апартманите и во пладневните часови поѓање со брод за Игуменица. Потоа продолжуваме кон преубавото планинско влашко село Метцово. Слободно време за кафе, прошетка и истражување. Потоа продолжуваме за Македонија. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 179 еур ( 11.100 ден)
Цената вклучува:
- Превоз со туристички автобус по наведената програма
- Превоз со брод на релација: Игуменица - Крф - Игуменица
- 4 ноќевања во студија и апартмани
- Организација, подготовка и водство на аранжманот
Цената не вклучува:
-Туристичка такса – 8 еур
- Целодневна екскурзија Палеокастрица, фабриката за кумкуат- МАВРОМАТИС– 10еур
-Посета на главниот град Крф - 10 еур - - -
-Посета на Брдото Канони –10 еур
- Плажата Гарденос - 5 еур
- Плажа Глифада и градот Крф - 10 еур
- Доплата за еднокреветна соба - 60 еур
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Ако бројот на патници е помал од предвидениот, патниците ќе бидат известени за промена на типот на превозното средство или евентуално промена на цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.