mksqhrendeelrusr

Вила Lazos - Канали
5.0/5 rating 1 vote

ВИЛА ЛАЗОС-КАНАЛИ (ЈОНСКО МОРЕ)
ЛЕТО 2026

 

КАНАЛИ – Убаво место помеѓу Парга и Превеза, а на 40 км од Лефкада, на брегот на Јонско море, со тиркизно плава вода, долга песочна плажа,кафе – барови, ресторани и таверни…Прекрасната песочна плажа, близината до Парга,Лефкада и Превеза, Канали  го прави  вистинско место за прекрасен одмор на туристите.

ВИЛА “ЛАЗОС”– на околу 90 м. од плажа. Располага со: 1/2 студио (еден дупли кревет), 1/3 апп (еден дупли и еден поединечен кревет), 1/2+2 аппартман (спална соба со 1 дупли и дневна соба со 2 кревети-за деца, 1/3+2 аппартман,во спалната соба има 1 дупли кревет + поединечен кревет и дневна со 2 кревети за 2 деца. Сите имаат опремена кујна, ТВЦ, тв, WI-FI, тераси,  и 1 дуплекс апартман на приземје 1/2+1/2+2 погоден за 2 фамилии со 2 спални-една спална со француски, а другата спална со два одвоени кревети, плус голема кујна со дневна, каде има можност за спиење на 2 деца со ТВЦ, тв, WI-FI. Климата не е вклучена во цената-доплата на лице место (4 еур за соба, 6 еур за дуплекс апартман). Координати: 39.068126, 20.690156

ВИЛА ЛАЗОС – КАНАЛИ
ПЕРИОД Ноќ 1/2
стд
1/3
апп
1/2+2 апп 1/3+2 апп 1/2+1/2+2
дуплекс
02.06-09.06 7 120 130 150 160 190
09.06-16.06 7 160 180 200 220 250
16.06-23.06 7 240 260 280 300 360
23.06-30.06 7 270 290 310 330 420
30.06-07.07 7 290 310 330 350 460
07.07-14.07 7 320 340 360 380 500
14.07-21.07 7 340 360 380 400 520
21.07-28.07 7 360 380 400 420 560
28.07-04.08 7 360 380 400 420 560
04.08-11.08 7 360 380 400 420 560
11.08-18.08 7 360 380 400 420 560
18.08-25.08 7 350 370 390 410 550
25.08-01.09 7 340 360 380 400 520
01.09-08.09 7 280 300 320 340 440
08.09-15.09 7 220 240 260 280 360
15.09-22.09 7 180 200 220    240 280
22.09-29.09 7 100 120 140 150 170

Цените се изразени во евра (1еур=62 ден.) за наем на студио, апп. и дуплекс апп.за 7 ноќи.

Доплата за тур. такса 2 € по соба на ден, 4 €-за дуплекс на ден (плаќ.во агенција).

Цена за превоз: 3200 ден. повратен билет, за деца до 14 год. 2400 ден.
Автобуски превоз:
Во 05:00ч. Прилеп – Канали ; 14.00ч. Канали – Прилеп.

Напомена: Задолжително патничко здравствено осигурување-без франшиза до 65 год. 300 ден, до 70 год. 500 ден.
Агенцијата не може да ја гарантира брзината и достапноста на интернетот во објектите каде што е наведен интернетот  како бесплатна услуга.
Менување на чаршави е на секои 4 дена.
За хигиената во студијата за време на престојот се грижат самите клиенти.
Собите се напуштаат во 9:00 ч, а сместувањето во 13:00 ч по локално време.
Можност за плаќање на 3 рати + 5 % од цената.

15

Leave a comment

You are commenting as guest.