ШПАНИЈА - ЛЕТО 2024
Атрактивна топ дестинација за Лето 2025 - Шпанија со директен лет од Скопје!
Ова лето ќе имате можност да уживате во прекрасната Малага, медитеранскиот град кој има 320 сончеви денови годишно, богата уметност и неодолива храна. Torremolinos e туристичкото место во кое ќе летуваме, на брегот на Алборанското Море на песочната плажа позната во светот исто како и целиот регион по името „Costa del Sol“. По целата нејзина должина од над 7 километри има преубаво широко шеталиште.
Сместувањето е во хотелскиот комплекс „Hotel ApartamentosBajondillo“ 4 **** (https://www.bajondillo.com/) Совршен! Голем, простран, лоциран на самиот морски брег. Сите хотелски апартмани имаат прекрасен поглед на море и се комплетно опремени со мини кујни со фрижидер за самостојно подготвување на лесни оброци, бесплатен Wi-Fi, клима уред, централно греење, сателитска ТВ со национални и меѓународни канали, телефон во собата и сеф (со доплата). Хотелскиот комплекс располага со надворешен базен кој е достапен за користење на гостите во хотелот. Сместувањето е на услуга ноќевање со одличен појадок на шведска маса (можност со доплата да се користи вечера во хотелскиот ресторан).
Torremolinos е местото каде се утрата најубави... Одлично е поврзано со Малага, Севиља, Гранада и Кордоба... Изобилува со ресторани и продавници. И е предизвик за одмор од соништата!
Сите термини се гарантирани... Резервирани соби во хотелот и авионски билети... Обезбеден трансфер од аеродромот до хотелот и обратно... Претставник од агенцијата за време на Вашиот одмор! Ви останува само уште навреме да резервирате по промотивните цени... Местата се лимитирани и нема можност за проширување на групите!!!
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски билет Скопје – Франкфурт - Малага – Франкфурт - Скопје
- Чекиран багаж до 20 кг и рачен багаж до 8 килограми
- Аеродромски такси
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- 6 ноќевања со појадок на богата шведска маса во „Hotel ApartamentosBajondillo“ 4 * (5 ноќевања во последниот термин)
- Лиценциран туристички придружник од агенцијата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса: 1,5 евра по лице на ден (се плаќа во агенцијата)
- Користење лежалкa на базенот – 3 евра од ден ( се плаќа дирекно во хотелот)
Начин на плаќање:
- Промотивна цена за early booking до 23.12.2024 - 50% од аранжманот.
- Целосна доплата на аранжманот 30 дена пред терминот за поаѓање.
Резервација по редовна цена: 30% од аранжманот. Целосна доплата на аранжманот 30 дена пред терминот за поаѓање.
Плаќање во денарска противвредност по курс 62 денари.