Дебарски Бањи Цапа
Дeбарски Бањи Цапа – Долно Косоврасти
ОПИС:
Бањиште Ресорт & СПА – Сместен на надморска висина од 880 метри, Бањиште е идеално место за тие што сакаат да се релаксираат и уживаат во чистиот планински воздух, природната термо-минерална вода со оптимална температура за човековото тело и прекрасната храна. со вкупeн капацитет од 126 соби, овој ресорт е реновиран неколку пати од неговата приватизација, а со последното реновирање беа опфатени вкупно 72 соби и дел од медицинските простории (Април 2012). Поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вонвременска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, ресортот Бањиште однадвор ја има својата традиционална архитектура, но во внатрешниот современиот и луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат сите гости.
Косоврасти хотел & СПА – Бања Косовраст, е современ ресорт со 75 модерни соби, сите со поглед кон Дебарското Езеро. Прекрасна природа, високи планини, кањонот на реката Радика, Дебарското Езеро Шпилје и пешачките патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки како и за оние што бараат авантури и предизвици. Водата богата со здравје, со векови има докажано дека е единствено решение за лекување на разни болести. Бања Косовраст има професионален лекарски тим кој ги применува старите природни фактори како и најсовремените достигнувања во медицината. Резултатите внимателно се следаат и се споредуваат со планираните. Особено внимание се обврнува за мотивирање на клиентите за активно учество во реализација на сите планирани активности, за ефективен третман за време на престојот.
Aqua Park – Косоврасти – Во Аква Парк секој ден е лето, бидејќи можете да уживате во термалните базени во лето и во зима. Овој воден парк гарантира неограничена забава и релаксација како за возрасни исто така и за деца. Тој е достапен за дневните посетители или за гостите кои престојуваат во хотелот Косовраст. Гостите исто така можат да се служат пијалоци и храна во барот, уживајќи во прекрасниот пејзаж на Дебарското Езеро и реката Радика, или да се релаксираат во другите услуги што ги нуди Аква Спарк: Масажа, шведска сауна, инфрацрвена сауна (инфраред), парна бања и џакузи.