Хотел Кратис 4**** - Кратово
Хотел Кратис 4* – Кратово
ОПИС:
Хотел Кратис се наоѓа во центарот на градот Кратово прочуен како град на кулите и мостовите. Кратово претставува идеално место излез од секојдневието и уживање во опуштена атмосвера како и за запознавање на типичната староградска македонска архитектура преку организирани прошетки и посета на локалните знаменитости со културно историско значење.
Сместувачки капацитет: Хотелот располага со 30 соби , (25 во хотелот, 5 соби во депандансот кој се наоѓа на 50м оддалеченост од хотелот).
Структура на соби во хотелот : 15 соби со француски лежај, 4 соби со раздвоени кревети, 2 апартмани со брачен лежај и можност за помошен лежај и 4 еднокреветни соби.
Структура на соби во депандансот: 5 двокреветни соби, плус можност за помошен лежај. Собите се опремени со бања, лцд тв, кабелска телевизија, бежичен интернет, клима уред, мини бар како и современ мебел со исклучително ниво на комфор и удобност.
Хотелот располага со: Голем ресторан погоден за секаков на вид забави со капацитет од 310 души, помал ресторан со капацитет од 70 места и банкет сала со капацитет од 20 места за организирање на Вип состаноци, бизнис ручеци и деловни собири,како и прекрасна тераса со капацитет од 60 места со поглед и чист планински воздух.
Дополнителни услуги:По ваш избор секторот за анимации на Хотел “Кратис” може да ви организира свечена вечера со музика во ресторанот на хотелот или на отворената тераса,традиционална македонска вечер во националниот ресторан “Гурман “ кој работи во рамките на хотелот и се наоѓа на 50м од далеченост од хотелот,презентација на македонски фолклор и за време на вечерата,пиво парти во англискиот паб ”Корнер” кој исто се наоѓа на 50м оддалеченост од хотелот “Кратис”, организирање на посета со водич на културни знаменитости и природни реткости.