mksqhrendeelrusr

Винарија Попова Кула - Демир Капија
0.0/5 rating (0 votes)

 

Винарија „Попова Кула“ – Демир Капија

ОПИС:

Околината на Винаријата Попова Кула ви нуди можност да уживате во една поразлична приказна. Покрај тоа што имате можност да научете нешто повеќе за душата и аромите на виното,имате можност и да се поврзете со недопрената природа во околината.

Заменете го секојдневието со следниве прошетки:

  • РЕКА ДОШНИЦА – Една од најчистите реки во околината,богата со вкусна пастрмка. Реката е позната кај авантуристите и трагачите по злато, бидејќи се смета дека во минатото околу речното корито била вршена експлоатација на злато
  • ДОЛИНА НА КАКТУСИ – Долините на кактусите се дел од многуте креации на природата која несебично и ги дарила. Иако е добро познато дека кактусот е растение кое расте во пустинските делови на Мексико и САД, во Македонија како необичен природен феномен е пронајден на неколку места. Особено е впечатлива Долината на кактусите која се наоѓа во близина на напуштеното село Клисура, на околу 5 км јужно од градот Демир Капија. На јужната падина на висорамнината Краставец, еден посебен вид на џуџест кактус, кој како форма е многу редок, успеал да се прилагоди на тамошните природни климатски услови и да опстане, благодарејќи на влијанието на медитеранската клима од Егејот.
  • КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ- Демир Капија е едно од најдобрите места во Македонија за качување, планинарење, пешачење, риболов и други активности на отворено. Има 16 сектори за спортско искачување, повеќе од 200 правци имаат различна категорија на потешкотии.Многу карпи се наоѓаат во близина на патиштата и инфраструктурата, што овозможува брз пристап до повеќето од качувачките сектори; повеќето од нив се погодни за почетници и групи со деца. Повеќето од карпите се варовнички, но еден час оддалечени се и песочник и гранитни карпи за искачување, планинарење и касарење.
  • ТВРДИНА ПРОСЕК” – Старата градска населба, што се наоѓала на овие простори, имала посебно значајна стратегиска и воена позиција во минатите епохи. На ова упатува и присуството на цел систем на утврдувања на камените масиви од двете страни на Вардар, меѓу кои најистакнати се Марков Град и Кале-Стрезов Град од левата страна и Рамниште од десната страна на реката. Од сите нив се зачувани остатоци од бедеми. Внатрешната тврдина-акрополот на Марков Град, е изградена од големи квадери од варовник, без малтер. Наодите од керамика од класичното и хеленистичкото време и неколкуте хеленистички монети укажуваат дека таа била користена многу векови пред римската доминација. Освен историја на дофат имате и прекрасна панорама.
  • ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ – Инспирирани од прекрасната живописна природа, маркирани се десет велосипедски патеки во околината на Демир Капија за проширување на велосипедизмот во Македонија. На патот ќе ве пресретнат:водопади, карпи, дива природа, лозја, овоштарници, историски објекти.
  • ТОПЛИ ВИРОВИ НА РЕКАТА ДОШНИЦА” – Вистинско скриено богатство за посетителите – освежете се и сплотете се со природата. Пред самиот влез на р. Дошница во демиркаписката долина, реката има формирано природни вирови погодни за освежување. Водата во вировите  летно време е затоплена од сонцето, но и од акумулираната топлина од карпите коишто ги опкружуваат.  Цена за водичот за група до 5 лица е 10 евра од час.
  • ЈАВАЊЕ НА КОЊИ – Возбудлива авантура и искуство за памтење во Коњачки клуб “Adventure”. Јавањето е со инструктор и минути во кругот на прекрасниот трае 45 ранч. Цена по лице 400мкд.

 

1199

Leave a comment

You are commenting as guest. Optional login below.