Кралска Винарија ,,Кралица Марија,, Демир Капија
Кралска Винарија ”Кралица Марија” – Демир Капија
ОПИС:
Во срцето на Македонија, надзираjќи ја легендарната клисура “Демир Капија”,се наоѓа кралската винарија “ Кралица Марија“ . Во 1927, откако бил консултиран од кралските експерти дека од сите места на Балканскиот полуостров, земјиштето во близина на легендарната клисура “Демир Капија” е најплодно и совршено за одгледување на винова лоза, Кралот Александар Караѓорѓевиќ носи одлука да ја изгради својата винарија таму. Неговата амбиција била да создаде вино и место со извонреден квалитет, исклучиво за потребите на кралскиот дворец. Кралот го именувал имотот “Кралица Марија” по неговата сопруга, Марија Караѓорѓевиќ.Секој објект во себе содржи слој на значење, убав склоп на идеи и искуства. Околната природа, елегантната, удобната и одлично осветлената просторија за јадење, креативната, слободната и почитуваната кујна, страста и професионализмот на персоналот, гордо го претставуваат угостителството во своите најситни детали. Горди сме што ја споделуваме нашата страст за одлично вино и во вниманието кое што го посветуваме на секој можен детал, за нашите пријатели и посетители од целиот свет да се чувствуваат специјално!