Косово и Македонија
КОСОВО И МАКЕДОНИЈА
6 дена/ 5 ноќи
Посета на најзначајните споменици во Косово и Македонија. Динамичното и енергично Косово и неговите најзначајни споменици од сите култури кои опстојувале на тие простори. Посетата на Охрид, Битола, Скопје ќе ви доловат различни аспекти од културата на Македонија и нејзините природни убавини...
1. ДЕН: ПРИШТИНА
Пречек на групата на аеродромот во Приштина. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. После краткиот одмор се оди на разглед на Приштина: Фатих султан Мехмедовата џамија и амам, Јашар паша џамијата, Султан Муратовата џамија и турбе. Време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање..
2. ДЕН: ПРИШТИНА – ПРИЗРЕН - ОХРИД
После појадокот се поаѓа кон Призрен. Разглед на Призрен. Синан пашината џамија, османлиските гробишта, Гази Мехмет паша амам, Бајракли џамија, Шадрванот, Хелвети теќе, Алаџа џамија и Бекташи арабат теќе. После разгледот се поаѓа кон Охрид. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
3. ДЕН: ОХРИД – МАНАСТИР СВ. НАУМ - ОХРИД
После појадокот се поаѓа на посета и разглед на манастирот Св. Наум. Разгледување на црквата и фреските од византискиот период.
Враќање во Охрид и разглед на стариот град: црквата Св. Софија, црквата Св. Богородица Перивлептос, античкиот театар, посета на Халвети теќето. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
4. ДЕН: ОХРИД – БИТОЛА – СКОПЈЕ
Појадок. Се поаѓа кон Битола. Посета на саат кулата, црквата Св. Димитрија, безистенот, Исак Челеби џамијата, музејот на Ататурк.
Патот продолжува преку Прилеп и Кавадарци за Скопје. Сместување во хотел во Скопје. Вечера. Ноќевање.
5. ДЕН: СКОПЈЕ – ПРИШТИНА
Појадок. Следува разглед на Скопје:Скопксото кале, Јаја пашина џамија, Саат кулата, турската чаршија, џамијата Иса бег,Мустафа пашина џамија, Капан ан, Сули ан, Даут пашин амам, црквата Св. Спас, камениот мост, куќата на мајка Тереза.
После разгледот се поаѓа за Приштина. Сместување во хотел во Приштина. Вечера. Ноќевање.
6. ДЕН: ПРИШТИНА – АЕРОДРОМ ПРИШТИНА
Појадок. По појадокот се поаѓа кон Приштинскиот аеродром. Крај на програмата.
ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ
Specifications
- Култура